17 Мај, 2024
0.0265

Пакомак доби нова 5 годишна дозвола за работа

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно ја оцени апликацијата на Пакомак за продолжување на дозволата за работа за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак и на 12 ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на ПАКОМАК за следните пет години. Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години пред се на инвестициите во инфраструктура (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов Пакомак има склучено договори со компаниите кои што  создаваат 42% од вкупниот отпад од пакување во Македонија, има договори со 16 општини од Република Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување, и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”. Пакомак оваа година доби и национална награда за општествено одговорни практики од Министерството за економија на РМ.

Во досегашново петгодишно работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија над вкупно 49.000 тони амбалажен отпад, кој што се состои од: хартија, пластика, стакло (кое досега никој не го собираше, ниту локалните компании имаат капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво. Националните цели за собран и рециклиран отпад од пакување во  следниве 5 години се зголемуваат од година во година, така што за следниве 5 години очекуваме оваа бројка да биде најмалку двојно зголемена. Пакомак е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во Македонија, единствена компанија со остварени национални цели четири години по ред.

Пакомак  уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочува природата и околината за следните генерации. Исполнувањето на националните цели и продолжување на дозволата за работа претставува голема сигурност за сите наши клиенти, и потврда дека сме на добар пат. И натаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, во интензивирање на соработката со локалните самоуправи, и на различни локации за почеток да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, а ќе продолжиме и со едукативи кампањи во кои ќе вклучиме различни возрасни категории. Како и многупати досега, уште еднаш сакам да ја истакнам улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно  во одделна кеса да ги селектираат пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има. Бидејќи на тој начин сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почваˮ- изјави Филип Ивановски директор на Пакомак.

Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад на ПАКОМАК создаваат 42.008 тони амбалажа. За истакнување е донацијата на камиони за собирање отпад во Тетово и Скопје, донација на 80 сета од по три пластични контејнери, во форма на ѕвоно на ЈП „Комунална хигиена“ како и голем број на други амбалажни контејнери во голем број други општини, со кои значајно се подобри комуналната инфраструктура. Успешно се реализира и проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје во кој над 31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата и секоја година добиваат донации за својата посветеност.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!