15 Декември, 2025
0.0296

Палестинците го тужат Израел во Хаг за воени злосторства

Објавено во: Свет 25 Јули, 2014 20:28

Добивај вести на Viber

Палестинските власти денеска пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг поднесоа тужба против Израел за воените злосторства извршени во Газа. Палестинскиот министер за правда Салем ал-Сака и јавниот обвинител во Газа Исмаил Џабр, преку адвокати во Париз, покренале законска процедура против Израел заради 18-дневните напади врз Газа во кои загинаа над 800 Палестинци, меѓу кои стотици цивили. Од израелска страна загинаа 37 луѓе, од кои 35 се војници, а само 2 цивили. Палестинските официјални претставници го обвинуваат Израел за воени злосторства кои, според нивните наводи, опфаќаат „злосторство на апартхејд“, „напади врз цивили“, „злосторство на колонизација“ и „преголема загуба на човечки животи“. Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Пол Хиршон денеска не бил запознаен со потегот на Палестинците, но ги отфрлил наводите дека израелските сили го прекршиле меѓународното право. „Тужбата е нешто ново, што ќе мора да го проучиме“, рекол тој и додал: „Израелската војска постапува 100% во согласност со меѓународното хуманитарно право“. Доколку тужбата биде усвоена, Палестинците ќе добијат прва вистинска шанса да поведат постапка за воени злосторства против Израел. Меѓутоа, правните експерти сметаат дека шансите Меѓународниот кривичен суд да ја прифати палестинската тужба се мали. Имено процедурата на овој суд е таква што тој мора најпрвин да одреди дали неговата јурисдикција воопшто ги опфаќа палестинските власти, бидејќи оваа територија не е членка, туку само набљудувач во Обединетите нации.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете