ПАЛЕВСКИ МОЖЕБИ ИМА ЗЛОУПОТРЕБЕНО 50-100 ДЕЦА, НАПРАВЕНО НАРКОМАНИ НА УЛИЦИТЕ, А НЕКОЈ ОД МВР СТОЕЛ ПОЗАДИ НЕГО: Георгиевски вели неказнивоста на општеството создала злосторник
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2023
Љубчо Георгиевски во гостување на ТВ Телма го кажа своето размислување за првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче
Жежовски.
„Проблемот со Љупчо Палевски Палчо односно, како со неказнивост општеството создава злосторник, Ѓоргиевски го поврзува со длабоката држава чии корени се во поранешна Југославија. Според него една голема структура на соработници во службите се земени од криминалците, финансиски, банкарски па и од улицата. Тоа не е стандардот на ЕУ, но за жал, вели тој, ние не направивме реформи.
-Случајот на Љупчо Палевски покажува дека тоа фунционира. Тој само повеќе се засилува и него го профилираме, можеби има злоупотребено 50 – 100 деца направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него. Сите луѓе се од Агенција на разузнавање и Државна безбедност. Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (нелегален пиштол, ископ на злато, семејно насилство) Да се направи комисија и да видиме од 1990 година колку бил заштитен. Дивоградбата која ние сме ја рушеле, 1,5 милион евра отштета му била платена. Нека се провери кој е судијата. Да ја видиме неговата кариера, предлага Георгиевски.
Според него, судија или обвинител повеќе се плаши кога ќе му се јави некој од Државна безбедност, отколку од министер, и во овој дел, нагласи, потребни се реформи во државата“ рече тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.