ШТО САКА ДА ПОРАЧА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СО ПЕСНАТА „ВО БЕСТРАГА“ - дали ексградоначалникот го критикува изборот на новото раководство на неговата матична партија
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024
Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, од редовите на Социјадемократскиот сојуз, на својот фејсбук профил, случајно или не, ја објави песната „Во бестрага“, од Игор Џамбазов и Нокаут.
Заедно со песната тој само напиша „Наместо коментар....“, а сега и останува на јавноста сама да заклучи дали таа песна всушност е негова автентична реакција по повод на изборот на новото раководство на неговата матична партија СДСМ, што се случи при одржувањето на Централниот конгрес на СДСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.