Паметен систем за регулирање на сообраќајот во Скопје – 90 раскрсници под надзор
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2013 19:55
За 2,6 милиони евра, Скопје доби Центар за автоматско управување и контрола на сообраќајот кој иако денеска беше отворен во присуство на високиот државен врв, во целост ќе профункционира во ноември.
Целта е преку центарот да се регулира сообраќајот во Скопје. Притоа ќе се прибираат податоци за сообраќајот во реално време, ќе се управува семафорскиот систем, но и визуелно ќе се набљудува сообраќајот за да им се даде приоритет на возилата од јавниот градски превоз.
Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски прибирањето податоци од 16 раскрсници каде е инсталирана опремата веќе е почнато.
„Секоја има камера, бројач на возила и сите крстосници меѓусебе се поврзани и поврзани се со Центарот. Вкупно треба да биде инсталирана опрема на 90 раскрсници и се очекува тоа да се случи до октомври годинава“, изјави Трајановски по отворањето на Центарот кој појасни дека вака ќе се зголеми проточноста на возилата и движењето во Скопје.
На означувањето на официјалниот почеток со работа на Центарот присустуваa и лично премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која посочи дека потребата од ваков паметен систем произлезе од се поголемиот број возила на патиштата, поголемата фреквенција и важноста од регулирање на сообраќајот за да се обезбеди побрз проток на возилата и патишата.
Функционирањето на системот, според Јанкулоска, со вбројува градот Скопје меѓу ретките во регионот кои имаат ваков паметен систем за регулирање на сообаќајот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





