„ПАНАМА ЛИКС“ ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Почнаа да паѓаат премиерски глави?
Објавено во: Економија 04 Април, 2016 08:18
Вакви сцени ќе има се повеќе.
Она што сега паѓа в очи е дека прво име што протече од Панама ликс е името на Владимир Путин.
Но на листата има повеќе од 200.000 компании, фондации и фондови, кои се наоѓаат во протечените информации кои доаѓаат од малку познатата, но моќна адвокатска фирма со седиште во Панама која го носи името на нејзиниот сопственик, Германецот, Mossack Fonseca.
Тоа се документи за офшор фирмина дилери на дрога, членови на мафијата, корумпирани политичари и затајувачи на данок -малверзации во изобилство. Меѓу политичарите се наоѓаат и премиерот на Пакистан, Наваз Шариф, претседателот на Украина, Петро Порошенко, итн. На листата има и глумци и естрадни ѕвезди.
Ова е едни од најголемите протекувања досега. Има 11,5 милиони документи и 2,6 терабајти информации извлечени од внатрешната база на податоци на фирмата. Истечените податоци опфаќаат електронски пораки, договори, банкарските сметки, имотни листови, копии на пасоши и други чувствителни информации кои датираат од 1977 до декември 2015.
Пред речиси три години аферата оф шор ликс го тресеше светот
Тогаш беа откривани богаташите на Кипар, а Тајните документи ги обелоденуваа имињата на компаниите во Британските Девствени Острови, Kуковите Острови и во некои други офшор-прибежишта.
Сега нешто слично се најавува за Панама, но се смета дека опсегот на отворените документи ќе биде далеку поголем.
Истрагата тогаш идентификуваше цела плејада владини функционери и богати фамилии од целиот свет, од Kанада, САД, Индија, Пакистан, Индонезија, Иран, Kина, Тајланд и од екскомунистичките држави, вклучително и СФРЈ.
На листата на даночни престапници се наоѓаа Михаил Фридман – руски олигарх, Има Маркус, гувернерка на филипинската провинција Илокос Норте и најстара ќерка на бившиот диктатор Фердинанд Маркос. Тука се и Лејла и Арза Алиеви, ќерки на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, потоа претседателот на парламентот на Монголија, Бајартсорт Сангајав, па шпанската бароница и уметничка – колекционерка Кармен Сервер.
Треба ли Македонците со оф шор сметки да стравуваат?
Ако меѓу нив има политичари да. Ако се само бизнисмени, ќе бидат изложени на детална проверка на движењата на капиталот. Ако пак се и политичари, отиде политичката кариера.
Гувернерот на НБРМ Богов пред три години рече дека нема да биде изненаден ако аферата со откривањето на даночните тајни на Кипар се откријат и Македонци
„Иако македонските граѓани и фирми согласно законот за девизно работење немаат право да имаат банкарски сметки во странство, вклучително и на британските Девствени острови, сепак можно е да има прекршители на законот“, изјави Богов.
Сепак, сега законот е сменет. Македонците можат да имаат сметки. Се разбира, не ретроактивно.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




