19 Декември, 2025
0.0407

ПАНАМА: Никој не е сигурен, па ни македонските политичари!

Објавено во: Економија 05 Април, 2016 08:39

Добивај вести на Viber

Информации што досега ги имаме се уште се на ниво на шпекулации, вели Александар Тргачевски од Финансовата полиција за Фактор, по објавувањата на имињата на светски лидери за кои се тврди дека преку оф шор компании во Панама переле пари.  Тргачевски посочува дека тие како институција засега немаат официјални информации дека дека некои граѓани од земјава поседуваат сметки во Панама, но доколку такви информации стигнат тие ќе бидат соосдветно истражени. „Сакам да потенцирам дека не секоја сметка во странство што ја поседуваат правбите лица, значи и дека преку неа се переле пари. Треба да се истражи, дали парите на неа потекнуваат од некакво кривично дело направено во Македонија, вели Александар Тргачевски директорот на Финансова полиција. За поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ова е показател дека никој не може да биде сигурен и дека дури и најсигурните дестинации во светот не се сигурни, па вистината за финасиските проневери може да излезат на виделина. Цветанов појаснува дека во времето кога тој бил директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, повеќепати се обратиле до Панама, за разни случаеви за постоеле сомневања, но оттаму никогаш не добиле одговор заради политиката на Панама која ги штити интересите на имателите на сметките кои таму кријат пари. Сепак Цветанов смета дека институциите треба да реагираат и да превземат конкретни чекори особено сега кога аферата го тресе светот, и во таа насока секако треба да реагираат пред се државниот јавен обвинител, како и Управата за финансиско разузнавање, но и сите останати институции. Но, тој додава и дека доколку државата навистина сака да придонесе во спречување на перење пари, тогаш треба да се направат законски измени кои ќе бидат во таа насока. „Народната банка на РМ, државата, ова може законски да го уредат, и натој начин да го стеснат просторт за маневар, на оние кои сакаат да перат пари во земјава. Односно, оние луѓе кои носат капитал или фирми кои имаат интерес да инвестираат во земјава, ќе треба да донесат и документи и да покажат кој стои позади тие фирми“, вели Цветанов. Тој додава дека е очогледно дека државата нема намера тоа да го направи. „Државата очигледно ги штити оние кои перат пари,  затоа што се увиде и досега дека токму самиот врв е вмешан во сериозни коруптивни активности, и затоа ние сега слушаме и читаме истражувања на светски организации според кои 5 милијарди евра се изнесени од Македонија“, вели Цветанов. Дека оф шор фирмите, сами по себе не мора да значат дека преку нив се перат пари, смета и Гоце Трајковски, колумнист и експерт во оваа проблематика, кој работи во НБРМ. „Доколку се утврди дека такви фирми постојат, тогаш треба да се види  како се стекнати парите на сметките што ги имаат фирмите, дали се со кривично дело направено на територија на РМ“, вели Трајковски. Во меѓувреме, во Исланд граѓаните излегоа на протести барајќи оставка од премиерот откако тој се најде во Панамските документи, според кој тој и неговата сопруга се повфзани со оф шор компании. За Путин беше објавено дека според Панамските документи тој во оф шор фирми сокрил, скоро две милијарди долари, на што тој возврати дека екс агенти на ЦИА сакаат да ја дестабилизираат Русија. Инаку, во базата на податоци се содржани 2,6 терабајти документи. Таму се најдоа имињата на починатиот татко на британскиот премиер Дејвид Камерон, рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Петро Порошенко, поранешниот премиер на Грција, Андонис Самарас, фудбалерот Лионел Меси и актерот Џеки Чен. При тоа, станува збор за податоци кои се однесуваат последните 40 години. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар