Панчевски: Боењето на Кривичен е кукавички чин кој не мотивира
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Владимир Панчевски, претседателот на Основниот кривичен суд Скопје 1, одговори за како што вели кукавичкиот напад со боење на судот од страна на активисти на Шарената револуција. Ваквиот напад не го смета за притисок за работата на судот, туку само мотив да продолжат и понатаму да ги почитуваат Уставот и законите.
- На најсрамен начин во текот на ноќта, тајно и подмолно, што доликува само на кукавици, е оштетена фасадата и влезната врата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје што може да се види и од безбедносните камери на Судот, за што се известени надлежните органи - вели Панчевски.
Панчевски посочува дека го почитува правото на секој своето незадоволство да го изрази преку мирен протест, пријавен кај надлежните органи, како и да ја известат институцијата во врска со која протестираат за причините за протестот, но за отстапување од ова правило треба да следат соодветни санкции.