Панчевски не влијае кои судии ќе постапуваат по предметите на СЈО
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016 20:00
Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски прецизираше дека не врши влијание врз распоредувањето на судии за предмети кои ги води Специјалното јавно обвинителство, односно дека тој нема свои судии и не ги дели на подобни или неподобни.
Ваков одговор доби Алсат на прашањето упатено до скопска единица – дали првиот човек на судот прави рокади и поставува судии од доверба за предмети на Специјалното јавно обвинителство.
„Неразбирливо е за какви „подобни судии“ прашувате кога сите предмети кои се
водат во судот, без разлика дали се водат по предлог на СЈО или другите две
редовни обвинителства, потоа се преиспитувани од Кривичните совети и повисоките судски инстанци, и поголем број од одлуките на судиите при Кривичниот суд во жалбена постапка се потврдувани. Претседателот на судот нема „свои“ судии, бидејќи сите судии се еднакви, а претседателот е прв меѓу еднаквите кој е задолжен да менаџира со судскиот кадар од аспект на навремено решавање на предметите“, стои во дописот на Кривичниот суд.
Во изминатиот период Панчевски се најде под голем притисок на јавноста најпрво со обвинувањата на општина Центар дека катовите на станбена зграда кои ги кренал како приватна инвестиција се дивоградба, додека пак колегите од судската фела посочија дека врши притисок во Основниот суд и дека не заслужува нов мандат како негов претседател.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




