ПАНИКА ВО ЧЕШКА - Американец ставен во изолација поради сомневање за ЕБОЛА: Бил во контакт со 26 лица
Објавено во: Свет 17 Мај, 2025 20:23
Американски граѓанин е хоспитализиран во болница во Прага, Чешка поради сомнеж дека е заразен со Ебола. Сомнежите дека е носител на оваа опасна заразна болест се поради фактот што престојувал во Конго, а според официјалните лица во Чешка таму тој остварил контакст со најмалку 26 лица за време на престојот во Чешка.
Четириесетгодишниот маж пристигнал во Чешка на 6 мај, откако претходно престојувал во Демократска Република Конго и Руанда. Во петокот вечерта, тој беше транспортиран од болницата во Табор во специјализираниот објект „Булова“ во Прага, каде што беше сместен во специјална биокутија, потврди чешкото Министерство за здравство
- Човекот имал вкупно 26 контакти во Чешка, кои нашите специјалисти успеале да ги идентификуваат. Сите моментално се под надзор и во контакт со епидемиолозите. Никој во Чешка не е во непосредна опасност - изјави Матијас Фошум, директор на Одделот за заштита на јавното здравје, за порталот „novinky.cz“.
Тој е лекуван од лекари во специјални заштитни одела.
Според достапните информации, неколку контакти се здравствени работници и сите се ставени во карантин.
Одлуката за префрлање на пациентот во Прага е донесена врз основа на неговите симптоми и историјата на патувања. Фосум објасни дека човекот останал во Табор кратко време и дека сам дошол во болницата во петокот, по што бил хоспитализиран.
За време на транспортот до Прага, активиран е тим за биолошка закана, а транспортот е извршен под посебни безбедносни мерки.
Од болницата велат дека пациентот е стабилен.
- Тој е сместен во изолација во био-кутија и го лекуваат лекари во специјални заштитни одела кои се деконтаминираат секој пат кога ќе влезат - изјави портпаролката на болницата.
2/3 ..Táborská profesi jednotka podle typové činnosti určene pro tento typ zásahů byla vybavena předepsanymi ochrannými prostředky a společně s biohazard týmem transportovala pacienta z nemocničního pokoje do transportní sanitky. Následně desinfikovala jak převáženého pacienta,.. pic.twitter.com/ox32i6Dgjj
— HZS Jihočeského kraje (@HZS_jihocesky) May 16, 2025
Крвните примероци од пациентот беа испратени во Институтот „Роберт Кох“ во Берлин, а резултатите сè уште се чекаат.
Како се пренесува еболата?
Еболата е ретка, но опасна по живот болест која се пренесува преку контакт со телесни течности на заразени животни или луѓе. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, осип, повраќање и крварење.
Еболата е вид на вирусна хеморагична треска, предизвикана од неколку видови на вируси од родот еболавирус. Симптомите на ебола почнуваат како грип, но можат да напредуваат до сериозно повраќање, крварење и невролошки (мозочни и нервни) проблеми.
Еболата може да се прошири на луѓето од лилјаци, нечовечки примати и антилопи. Оттаму може да се шири од човек на човек и да предизвика епидемии. Епидемиите најчесто се јавуваат во делови од Африка.
Фото: Принтскрин/ХМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




