ПАНИКА ВО НАТО: Русија е огромна воена закана
Објавено во: Свет 19 Септември, 2019
Паника се појави во НАТО.
Оваа воена организација ја губи воената предност во однос на Русија, поради што започна редефинирање на стратегијата на Алијансата. Ова го тврди шефот на американската армија, генерал Џозеф Данфорд.
„Затоа е потребно да се заврши новата стратегија на НАТО што е можно поскоро“, рече тој.
Данфорд рече дека Русија стана огромна воена закана бидејќи официјална Москва направи многу за подобрување на своите одбранбени способности.
Тој присуствуваше на состанокот на Воениот комитет на НАТО што се одржа во Љубљана минатата недела, а теми на средбата беа Авганистан, Ирак и Косово, пренесува Б92.