18 Декември, 2025
0.0468

ПАНИКА ВО ПАРИЗ: Закана со бомба на најголемата железничка станица

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2015 10:22

Добивај вести на Viber

Париската железничка станица „Gare de lEst“ рано утринава била евакуирана и затворена са сообраќај поради закана за бомба, по синоќешната акција на полицијата во која беа уапсени повеќе лица за кои постои сомневање дека се вмешани во терористичките напади. Оваа железничка станица била во потполност евакуирана откако утринава бил пронајден сомнителен пакет. Париски „Монд“ пишува дека екипи за демонтирање на експлозивни направи веќе се на терен. Полициските служби соопштиле дека станицата е затворена и евакуирана поради осигурување на безбедноста на граѓаните но не дале дополнителни информации. Според најновите извештаи од станицата, се очекува ситуацијата да се врати во нормала во наредните неколку часа. Станува збор за една од најбажните железнички станици во Париз која ја поврзува француската престолнина со другите градови во источните делови од земјата. Француските власти потврдиле дека во текот на синоќешните рации биле уапсени 12 лица во предградија на Париз, а апсењата биле поврзани со минатонеделните терористички напади. Во моментов француската полиција испитуба двајца мажи и три жени за „евентуална логистичка поддршка“ која можеби им ја дале на терористите, пред се со оружје и возила. Рациите се уште се во тек во Монруж, каде Амеди Кулибали уби полициски службеник минатата недела, како и во Грини каде Кулибали одраснал, во Флори – Мержис и во населените места на Епин на Сена северно од Париз.  

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил