ПАНИКА ВО СОСЕДСТВОТО ПО ПОСЕТАТА НА ШОЛЦ - Србија има ново оружје! Ништо повеќе нема да биде исто!
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2024 21:19
По посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Белград, со посебна објава на социјалните мрежи се огласи Енвер Хоџај, министер за надворешни работи на Косово. Тој во објава на социјалната мрежа Х го напиша следново: - Србија ги користеше стратешките односи со Русија и Кина како геополитички механизам во односите со ЕУ. Од денеска ќе користи внатрешен инструмент: европската автомобилска индустрија ќе има ексклузивен пристап до наоѓалиштата на литиум во Србија, а литиумот е инструмент на нејзината моќ во однос на ЕУ. Се проценува дека Србија ќе задоволи повеќе од 20 отсто од потребите на ЕУ со овој важен минерал за производство на батерии. Во трката за производство на батерии, Германија е меѓу моќниците на светскиот пазар, па затоа денешната посета на канцеларот Олаф Шолц покажува дека Србија стана стратешки интерес на неговата земја и на ЕУ! Никој не ја знае содржината на релевантната декларација за соработка што беше потпишана денеска, но едно е познато, дека ова е нова фаза на меѓусебно поврзување на односите со европските партнери. Кој мисли поинаку, греши и ќе продолжи да греши! Затоа што ситуацијата не е иста како до денес! Не очекувам никакво стратешко размислување од Владата како да се постапи во оваа ситуација и како да се избалансира тешката позиција на Косово*, освен да излезе со лесна реакција дека Русија ја уценувала ЕУ со гас и сега одат да се направи литиум во Србија, што е само насловна вест, но не и стратешка акција – напиша Хоџај. Неговата објава ја пренесуваат медиумите од соседна Србија. Еве ја неговата објава:

Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




