17 Мај, 2024
0.2010

Панзова: Работата со деца на брод е прекрасна, а заработката е солидна

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Дваесет и осумгодишната Лилјана Панзова од Велес е дипломиран педагог и веќе три години работи на брод со деца на возраст од 6 месеци до 17 години.

Ангажирана е преку компанијата  Royаl Caribbean International, и е презадоволна од ова искуство. Младата велешанка раскажува дека заработката е солидна, месечно се заработува од 1500 до 2000 долари, а за сите вработени е обезбедено сместување и храна. Вели дека на брод се работи многу, посебно додека бродот плови, но работата сепак ја исполнува.

1

„Се работи од 5-9 часа дневно, зависи дали пловиме или сме на копно. Кога пловиме сите гости и деца се на бродот и се работи од 6-9 часа, а додека сме на копно е порелаксирано затоа што повеќето гости се надвор со децата и тогаш ние имаме повеќе слободни часови. Од искуство можам да кажам дека работата со деца на брод е прекрасна, исполнета со смеа и веселост. За време на празници кога бројот на деца е доста зголемен, работата знае да биде и доста стресна меѓутоа никогаш не си сам, колегите си помагат едни со други, има меѓусебна почит, поддршка и разбирање што е од големо значење во тие понапорни денови“ - објаснува Панзова.

Само еден договор на Панзова и траел 5 месеци и преку него имала можност да работи со деца од различни возрасти.

5

„Додека децата се оставени во игротеката на брод, ние сме одговорни за нивната безбедност и за тоа да не останат гладни, така што ги носиме на ручек и на вечера во ресторанот во посебен оддел за нив. Како дополнителни активности можам да споменам дека се работи на вртелешка или базен на поголемите бродови, но само еден час дневно. Работиме во ВИП секторите во театрите каде скенираме резервации на гостите, на карпа за качување ( на помалите бродови) и тоа еден час , исто така се работи по час-два на самиот влез на бродот кога гостите доаѓаат за прв пат каде им даваме првични информации“ - рече Панзова.

За сите млади кои сонуваат за ваква работа, вели дека ова е одлична можност да се заработи, да се прошета и да се стекнат контакти со луѓе од различни страни на светот.

2

„Се работи во мултинационална средина каде поголем број од вработените се млади и секогаш расположени. Обезбеден е престој во кабина која што се дели со уште една личност, најчесто колеги или колешки од работа што е од големо значење бидејќи тие луѓе со кои работиш се твое семејство додека си таму и никогаш не си осамен, освен кога не фаќа носталгија , што е нормално. Но, секој втор ден се разбудуваш на нови места, градови, држави и тагата ја снемува.  На сите млади од срце им препорачувам да соберат храброст и да одат барем еден договор на брод, да посетат преубави места и да заработат повеќе отколку во нашата Македонија,  а воедно и да се усовршат на професионално ниво и да се стекнат со нови вештини“ - вели Панзова.

Во текот на работата најмалку работела со тинејџери, но вели дека ова искуство и работа со деца и помогнало за професионално усовршување.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија