05 Декември, 2025
0.1316

Папандреу го моли Обама да ја спаси Грција

Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2013 18:23

Добивај вести на Viber

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу упати апел до американскиот претседател Барак Обама да ја спаси Грција од економска пропаст и да ја убеди Германија да преземе мерки за запирање на економската криза во Европа.

- За гаранциите да бидат цврсти, потребна е поддршката на најголемата и се уште најдинамичната екоомија во светот. Тука треба да дојде Обама, американскиот претседател може да помогне да се реши европската економска криза со умна економска дипломатија која досега неговата администрација не ја покажа. Обама мора да ја потсети Германија како САД ја помогнаа Германија не само низ Студената војна туку и во бурната деценија по падот на Берлинскиот ѕид и падот на комунизмот. Обама мора да ја убеди Ангела Меркел да направи се што е потребно за Европа да профункционира, и да и ја гарантира помошта на американскиот народ. Тимот на Обама ги повика Европјаните да преземат решителни чекори, од финансирање на инфраструктурата до преземање на долговите на заедничко ниво, за да се врати растот во потонатите европски стопанства. Европските лидери ги одбија овие предлози. Ние не бараме за милостина. Освен крај на неизвесноста, на Грција, која се менува и има голем потенцијал, и се потребни инвестиции, пишува Папандреу во текст објавен во списанието Форин Полиси, за вториот мандат на Обама.

Во овој текст поранешниот грчки премиер вели дека Грција долго време ја следела “европската доктрина на сурово кратење на расходите”, но дека тоа сепак не ги убедило меѓународните финансиски пазари да и веруваат на Грција, поради неизвесноста околу грчкото останување во евро-зоната.

Папандреу повикува на Зелен Маршалов план кој Обама би го претставил при посета на Грција, кој би подразбирал искористување на неодамна откриените резерви на природен гас на дното на Средоземно Море, и енергетско поврзување на Блискиот Исток, Средоземјето и Европа. Папандреу до неодамна беше вонреден професор на престижниот американски универзитет Харвард, каде предаваше за европската криза и кризата на демократијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии