Папандреу: Нашите бројки се лажни, земјата се тресе од корупција
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2013 12:57
Нашите бројки се лажни, земјата се тресе од корупција, се зборовите со кои Папандреу излегол на состанокот во Брисел во 2010 година, тврди белгискиот весник „Либр Белжик“, анализирајќи ги случувањата во Грција од почетокот на економската криза во земјата, односно од 2008 година.
Весникот во текст под наслов „Ангела Меркел во грчка стапица“ тврди дека германската канцеларка била страшно изненадена откако на состанокот во Брисел во декември 2010 година европските лидери го чуле поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу изјавувајќи „Слушнете, сите наши бројки се лажни, земјата се тресе од корупција и ќе бидат потребни години, но подготвен сум да се справам со неа, но се разбира ќе биде потребна поддршка и помош бидејќи странува збор за голема работа“.
Присутните на средбата останале без зборови, Ангела Меркел се чувствувала два пати издадена, наведува весникот, пренесува БТА. Таа се соочила со одговорности, кои не можела да ги преземе, бидејќи Европејците немаа соодветни инструменти за финансирање на Грција на финансиските пазари, ниту средства за затегнување на уздите на Грција. Од Меркел се очекувало невозможното, да даде гаранции за измамниците пред Бундестагот и народот, пишува белгискиот весник.
Грчката дискретност била неубедлива. Сепак, тоа што оставило поголем впечаток на европските лидери од сериозноста на ситуацијата во Грција, вечерта на 10 декември, е искреноста на Папандреу, наведува весникот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





