18 Декември, 2025
0.0814

Парадните знамиња го обоиа Кипар во боите на виножитото

Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2014 12:56

Добивај вести на Viber

Барајки еднакви права во земјата, на првата геј парада во Кипар учествуваа неколку илјади лица. Сепак влијателната Православна црква цврсто ја отфрла хомосексуалноста, пренесоа британските медиуми. Развивајќи ги знамињата со боите на виножитото, повеќе од 3.500 луѓе, претставници на различни генерации, мирно прошетаа по улиците на кипарската престолнина, каде пред геј парадата дојде до судир меѓу мала група демонстранти против настанот и полицијата. Кипар во 1998 година ја декриминализира хомосексуалноста, пет години откако еден од пионерите на правата на луѓето во оваа област Алекос Модинос успеа да ја осуди земјата во Европскиот суд за правата на човекот. Според активистите од оваа област земјата се уште заостанува зад другите земји од ЕУ во однос на правата на геј двојките и бавно го воведува законодавството за еднополови бракови. Хомосексуалните двојки во Кипар немаат исти права како бисексуалните двојки при добивањето социјални станови и друга помош. Непосредно пред почетокот на геј парадата, околу 200 лица, меѓу кои и свештеници, организираа гласен протест пред Парламентот на земјата. Кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се доближат до учесниците на парадата, дојде до судир меѓу нив и силите на редот, пренесоа американските медиуми.    

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии