29 Септември, 2024
0.0234

Паралелните светови на Русија и Западот

Објавено во: Анализа, Свет 27 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Кога директорот на Total Кристоф де Маржeри загина, откако со приватниот авион удри при полетувањето од московскиот аеродром, изгледаше како несреќа. На телевизиските гледачи во Русија им беше претставена поинаква верзија. Водечки руски телевизиски канал објави дека не може да се исклучи заговор на ЦИА. Де Маржeри сепак беше истакнат противник на санкциите на САД и на Европската унија против Москва и Вашингтон сакал тој да замолкне. Оваа приказна не беше соопштена од некој националистички поставен коментатор, туку од презентерот на вестите. Оваа порака го илустрира трендот кој станува се поочигледен - Русите и претставниците на Западот се разминуваат во она што го зборуваат. Тие не само што имаат различни мислења за истиот настан - тие веруваат во различни факти. Тие се како "две лица во темна соба", рече американски учесник на форум "Валдано" во Сочи, на кој се собраа руски политичари и научници заедно со западни експерти. Најостро тоа се гледа во однос на настаните во Украина, пишува Стивен Фидлер. За огромното мнозинство од Русите отстранувањето од власт на поранешниот претседател Виктор Јанукович во февруари беше удар со директна поддршка на европски политичари и поттикнување на западни разузнавачки служби. За луѓето на Запад, Јанукович избега под притисок на народно движење, кое сака поблиски односи со Западот. Приказните кои Русите ги слушаат од медиумите се под се поголема државна контрола, која ја негува популарноста на претседателот Владимир Путин, кој исто говореше на форумот. Поддршката за него е над 80 проценти дури и во Москва, која претходно беше скептична кон него. Култот кон личноста на Путин изгледа се засилува. Првиот заменик-шеф на претседателската администрација Вјачеслав Володин изјави во средата на форумот дека западните "напади против Путин се напади против Русија". Рускиот народ мора да разбере "дека ако нема Путин, нема Русија", предупреди тој. Володин ги направи овие искази неофицијално, но неговите зборови истекоа во руските медиуми, но изгледа со помош на задоволни советници. Кажаното од заменик-шефот на претседателската администрација го поттикна политичкиот набљудувач и критичар на Путин Станислав Белковски да го направи следниов коментар на радио "Ехото на Москва": "Почнатото по распадот на СССР пребарување на нова национална кауза на Русија конечно заврши. Веќе е очигледно дека националната кауза на Русија е Владимир Владимирович Путин како посебна личност ". Тешко е да се замисли како во САД или Западна Европа може да се пресликува држава и владетел во приватен разговор или јавно. Ова е уште еден пример за различното размислување на руските владетели и западните колеги. "Ако нема доверба, има сомневање, а кога има сомневање, тогаш сè што другата страна прави, е против твоите интереси", Игор Иванов, поранешен министер за надворешни работи на Русија. Руската теорија на заговор не е ништо ново. Николај Патрушев, високо службено лице од областа на безбедноста во Русија, повтори неколку историски теории во неодамнешното интервју пред државните медиуми - дека САД го излажаа СССР во катастрофалната за него инвазија во Авганистан и дека Вашингтон манипулирал со падот во цените на нафтата во 80-тите години, за да го уништи Советскиот Сојуз. На ист начин новите санкции против Русија се сметаат за американско искуство да биде сменет режимот во Москва. Некои од приказните кои Русите си раскажуваат произлегуваат од уникатната култура. Еден од учесниците на пример рече дека за постојано манифестираната во историјата способност на Русија да се издига од состојба на катастрофа до состојба на величие, каков впрочем според него е и случајот во моментов, може да има само "ирационални" и "мистични" објаснувања . Надминувањето на јазот помеѓу Западот и Русија бара политичка волја, а засега не е на повидок политичка волја кај ниту една од страните. К.К.