05 Декември, 2025
0.0279

Парфемот од 800 евра од Боки 13 за Катица е од 10.000 цветови

Објавено во: Стил 26 Август, 2019 13:24

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски - Боки 13 кој е во притвор поради случајот „Рекет“, ѝ купувал скапи подароци на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која исто така е во притвор откако е осомничена дека посредувала во истиот случај. Боки 13 инаку е познат по тоа дека секогаш носи скапи парчиња облека, а некои од нив и по десетици илјади евра.

Како што објави Женски магазин, ако Јанева добила од Боки 13 добила парфем вреден 800 евра, приближно толку чини парфемот Joy од Jean Patou. Зборот Joy по кој е наречен парфемот значи радост. 


Овој женски мирис е креиран во 1929 година и е еден од највисоко рангираните парфеми некогаш направени. На FiFi Awards во 2000-та година беше прогласен за „Мирис на векот“ од Fragrance Foundation, победувајќи го популарниот Chanel No. 5.

За оваа висока цена од околу 800 евра се заслужни 10.000 цветови на jасмин и 336 рози кои се користат за правење на уникатниот парфем. 

Извор Женски магазин


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: