05 Декември, 2025
0.2059

ПАРИ: Тоа е силата на руската идеолошка војна!

Објавено во: Анализа, Мои пари 14 Јуни, 2015 09:24

Добивај вести на Viber

Војната во Украина, која ја спротивстави Русија против Западот, се води не само со тенкови, артилерија и војници. Се почесто Москва ги поддржува бунтовниците преку различни начела: пари, идеологија и дезинформации, пишува во својата анализа New York Times. Иако администрацијата на Барак Обама и неговите европски сојузници се обидуваат да се спротивстават на руската воена интервенција во источна Украина, тие остануваат некако немоќни пред финансиската моќ на Москва, изразена во финансирање на европски политички партии и движења, како и ширење на алтернативи за конфликтот. Целта на Кремљ изгледа е да сее поделби, да ја дестабилизира Европската унија (ЕУ) и евентуално да го прекрши она што досега беше релативно унифицирано покрај познатата Крутост на моменти - консензусот против руската агресија. Во најмала рака, ако Русија успее да привлече на своја страна дури и еден единствен член на ЕУ, таа може да го спречи очекуваното подоцна овој месец обновување на економските санкции кои можат да бидат одобрени само со согласност од сите земји членки. Во неделата претседателот Обама повторно пристигна во Германија за средбата на Г7, на која тој планираше да ги обедини европските сојузници против Кремљ особено по продолжувањето на насилството во источниот дел на Украина, кое се случи и покрај Минскиот договор од февруари. Во деновите пред неговото патување американски и европски претставници јавно изразија загриженост за скриени намери на рускиот претседател Владимир Путин, кој вложува се повеќе напори да ги победи сојузниците на Западот. "Кремљ работи напорно за да подмити и да привлече европски политички сили, финансирани како десни, така и левичарски антисистемни партии во цела Европа", изјави американскиот потпретседател Џо Бајден во говорот минатиот месец во Brookings Institution во Вашингтон. "Претседателот Путин ги гледа такви политички сили како корисни алатки за манипулација, кои можат да создадат пукнатини во европското политичко тело, од што тој може потоа да има корист". Оваа теза се дели и од владата на Велика Британија. "На прашањето за руските пари - да, се разбира, ние сме загрижени за она што е јасна стратегија на Кремљ", изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд минатата недела. Без разлика дали стратегијата ќе успее, ситуацијата останува неизвесна. Американски претставници и европски дипломати изјавија уверување дека засега санкциите ќе бидат обновени за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи во Брисел на 25-26 јуни. Германија - најдоминантниот претставник на Унијата, го поддржува зачувувањето на санкциите. Сепак изгледа нема апетит за нивно проширување што некои американски претставници би сакале. Во меѓувреме напорите на Кремљ за влијание на Запад зафаќаат различни форми Русија традиционално го користи својот статус на снабдувач на енергија, за да притиска клиенти во Европа. Главната цел сега е Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и боречката за спас од финансиски банкрот Грција. Регионот е под нишан да го поддржи новиот проект за гасовод кој оди со ветувања за редица економски бенефиции. Руските олигарси одамна држат многу од своите пари во кипарски банки, што е причината островската држава да се смета како финансиски мост кон Москва. Освен тоа американските и европски официјални лица ја обвинија Русија за финансирање на зелените движења во Европа со цел промовирање на протестите против хидрауличното разбивање) - потег наменет да се брани гасната индустрија на Русија. А на згора на се Европа откри тајна "фарма за тролови," во Санкт Петербург, која а користи социјалната мрежа Twitter за да влее лажни приказни за хемиски дамки или епидемии на Ебола на Запад. Во плановите да најде приврзаници во Европа Русија изгледа постигнува познати резултати во последно време во земји како Грција, Унгарија, Чешка и дури Италија и Франција. Кремљ не само што ги хармонизира тезите на традиционалните поврзани со Москва од Студената војна наваму левичарски партии, но и достигнува до заедничка кауза со некои екстремно десничарските сили, повидливи против подемот на ЕУ. Овие партии отворено или не толку сочувствуваат со нападот на Путин кон она што тој го нарекува "моралниот пад на Западот". Најсветлиот пример е Националниот фронт во Франција. Предводената од Марин Ле Пен партија повлече кредит во вредност од 11,7 милиони долари од Прва чешко-руска банка во Москва, која е поврзана со Кремљ. Иако Ле Пен ја негира тезата според многумина средствата ќе бидат искористени за претседателските избори во 2017 година. Десничарската Партија на слободата на Австрија ги негира обвинувањата за зависност од Кремљ - тврдења, направени од нејзиниот главен ривал во лицето на Социјалдемократската партија. Обвинувањата дојдоа откако лидерот на националистите Хајнц-Кристијан Штрахе објави фотографии од себе и другите партиски лидери за време на конференција во Москва, повикувајки на крај на санкциите против Русија. Штрахе посочи сепак во изјавата дека "ние сме убедени во нашата неутралност", додавајќи дека "не сме добиле финансиски донации или кредити" од Русија. Political Capital Institute - истражувачка организација, со седиште во Будимпешта, сигнализира за прв пат за руски интерес за источноевропските екстремно десничарските партии во 2009 година, според извештајот на експертската група од март интересот на Москва веќе се проширил и во земјите од Западна Европа. Организацијата изброи 15 екстремно десничарските европски партии, "ангажирани" со Русија. Слични обвинувања и истраги постојат и спрема Бугарија во лицето на екстремно десничарската партија АТАКА, во Словачка - Народната партија, и во балтичките држави, особено со проруски настроените делови на Латвија. Во извештајот на институтот се истакнува дека припадноста "не е нужно финансиска, како и што обично се гледа". Тоа може да вклучува исто така професионална и организациска помош. Онака според експертите "руското влијание во делата на крајната десница е феномен гледан низ цела Европа како клучен ризик за Евроатланската интеграција". Поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска Карл Билт изјави дека трендот е главен проблем за Европа. "Многу јасно е дека Кремљ има интерес да ја скрши Европа по какви начини е можно ... И Москва активно се стреми да игра на секој фронт, на кој може", истакна тој. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени