24 Април, 2024
0.0297

Што се планира да се гради во Скопје следниве 3 години !?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Градските власти го скроија планот за инвестициите за следните три години. Во Предлог планот на програмите за развој за периодот од 2013 до 2015 година, за кој утре ќе дискутираат и градските советници на закажаната седница, акцентот е ставен на програмите наменети за развојни инвестиции, односно во него се вклучени сите капитални проекти, кои  ги исполнуваат условите за развојни проекти, поточно проекти наменети за подобрување на инфраструктурата, за изградба и реконструкција на патишта и инфраструктурни објекти, набавка компјутери и компјутерски софтвер И во следните три години Градските власти ќе продолжат со реконструкција на фасадите на објектите во ценатрот на градот. Од Градот образложуваат дека со новите фасади Скопје ќе го направат попривлечен за странските туристи. Дел од парите се обезбедени преку капитални дотации, односно од Владата. За реконструкцијата следната година е планирано да се потрошат околу 2,3 милиони евра, а во 2014 и 2015 по околу 1,6 милиони евра. Следната година, но и наредните две  Градот Скопје ќе се насочи кон модернизирање на работата на градската администрација. А тоа како што стои во обрзаложението ќе се спроведува преку набавка на софистицирана компјутерска опрема и изградба на Градската куќа. За ова Градот планира да потроши околу 2,5 милиони евра следната година. Веќе следната 2014 година за оваа намена односно за капитални трошоци предвидени доста повеќе пари да се одвојат касата односно близу 11 милиони евра, а во 2015 година околу 276 илјади евра. Во периодот од 2013 до 2015 година Градот планира инвестиции во изградба на комерцијални објекти, за што пари ќе се обезбедуваат дел до градската каса а дел преку задолжување со кредити. Така за оваа намена во 2013 се планирани вкупно околу 7,3 милиони евра, од кои 5,1 милиони евра ќе бидат од основниот буџет на Градот а остатокот ќе се обезбедат преку кредити. Овие пари како што обрзложуваат градските сектори ќе се искористат за проекти со кои  ќе се овозможи повеќекратно зголемување на бројот на паркинг места во оној дел од градското подрачје кое претрпува најголемо оптоварување со динамички и стационарен сообраќај. Поточно се работи за изградба на двете клатни гаражи што ги гради Градот, но во оваа програма е ставена и изработката на проектната документација за Панорамското тркало за која се предвидени околу 580.000 евра.Во 2014 година за оваа намена од основниот буџет ќе се одвојат за нијанса помалку пари, односно околу 4,7 милиони евра од основниот буџет но со поголема сума околу 2,6 милиони евра, Градот ќе се задолжи со кредит.  Третата година односно 2015 , за изградба на комерцијални објекти се предвидени 4,3милиони евра, кои исто така дел ќе се обезбедат од градката каса а дел со кредити. За уредување на градежно земјиште, градските сектори за следната година предлагаат од основниот буџет да се одвојат близу 2,2 милиони евра, а за 2014 и 2015 година за овие капитални расходи се предвидени околу 2,9 милиони евра. Приоритет на градските власти во следните три години ќе бидат реконструкциите на мостовите, булеварите, улиците, тротоарите, надвозниците, автобуските постојки, подземните сообраќајници, за што за 2013 година се предвидени близу 16,7 милиони евра, од кои 14,5 милиони евра се пари од основниот буџет и околу два милиони евра на име на кредити. Повеќе пари однсно близу 30 милиони евра за оваа намена Градот планира да потроши во 2014 година, а приципот е ист дел од парите ќе се обезбедат од градската каса а дел од кредити. Во 2015 се предвидени вкупно околу 26,4 милиони евра, од кои поголемиот дел од градската каса а околу 2,3 милиони евра ќе се обезбедат од кредити. Дел од проектите што се влезени во Предлог планот за развојни програми во следните три години, е изградба на систем за водоснабдување, изградба на јавно осветлување, проекти за енергетска ефикасност, изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води, изградба на сообраќајна сигнализација, заштита на животната средина, образование и противпожарна заштита. Повеќе пари за дневници на градската администрација Нацрт Буџетот за Град Скопје за 2013 година ќе претпри измени. Така следната година најверојатно за патувањата на градската администрација во градовите во Македонија, ќе се предвидат плус 16.260 евра, односно вкупно со претходните расходите за градската админитсрација за следната година се предвиденид абидат близу 118 илјади евра. Предвидени се измени и во делот на парите за зимско и летно одржување на магистрални и собирни улици, за што Градот Скопје предвидува дополнителни околу 650 илјади евра. Овие дополнителни пари како што стои во образложението на градскиот Сектор за финансии ќе се обезбедат со намалување на планираните расходи во потрограмата за изградба на комерцијални објекти, каде што поради динамиката на реализацијата на проектите во оваа потпрограма во текот на годинината, се проценило дека постои можност за намалување. Измени се предвидени и во буџетот на самофинансирачки активности, каде Градот Скопје предлага проширување во износ од околу 108 илјади евра, што се планира да се обезбедат преку приходите на неколку установи што се под надлежност на Град Скопје. За нешто повеќе од пет илјади евра, следната година ќе се прошири иБуџетот на донации, а парите се наменети за ЈУ Музеј на Град Скопје, за реализација на проектот ,,Помеѓу возвишеното и секојдневието“ што беше претставен на биеналето во Венеција.  Дали овие измени ќе поминат, зависи од тоа како на утрешната седница ќе се изјаснат и градските советници.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи