05 Декември, 2025
0.0392

Пари за оној кој ќе направи пристапен пат до ниви

Објавено во: Агробизнис 30 Јуни, 2018 15:23

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за поднесување на барања за субвенции преку Програмата за капитални субвенции, а наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште. Со оваа Програма, нови 30 милиони денари заминуваат во капитални инвестиции во руралниот сектор, овој пат, за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.

Право на учество на јавниот оглас имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција во струмичко Добрејци, информираше дека рокот за поднесување апликации е до 15 јули годинава. До овој датум министерството ќе ги собира предлог проектите, а по стандардната административна селекција и предвиденото рангирање, заедно со нив ќе се вклучи во реализација на работите на терен.

“Со овие 30 милиони денари како нова мерка и политика ќе дадеме значаен придонес во пристапот до нивите и до обработливите површини, што во моментов претставува проблем за земјоделците. Ги повикуваме Центрите за развој  на плански регион, во рамки на Програмата и во крајниот рок, да ги поднесат своите предлог проекти, и овие средства за капитални инвестиции да бидат ефикасно искористени“, изјави министерот Николовски.

Николовски порача дека во овој период Центрите за развој на планските региони, да ги детектираат приоритетните локации од круцијално значење за земјоделците и да се пријават со предлог проекти, во максимална висина од 10 милиони денари по плански регион. Планските региони согласно своите овластувања имаат најдобар преглед за итните регионални прашања кои треба да се решат. Рангирањето на апликантите ќе се изврши врз основа на степенот на земјоделско обработливо земјиште во регионот но и процентот на општини кои ги врзува во проектот.

Програмата е донесена од страна на владата на РМ, на предлог на МЗШВ, според член 28 од закон за извршување на буџет на РМ за 2018. Во следниот период, општините ќе имаат можност да аплицираат за поголеми инфраструктурни зафати, преку програмата за рурален развој во земјоделството.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?