Париз одби да му даде азил на основачот на Викиликс – Асанж
Објавено во: Свет 03 Јули, 2015 14:20
Џулијан Асанж, основачот на сајтот „Викиликс“, објавил стотици илјади доверливи американски документи, и побарал азил во Франција, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на францускиот весник „Монд“.
Париз сепак одби да му обезбеди азил на Австралиецот.
„Со оглед на правните елементи и материјалниот статус на Асанж, Франција не може да го задоволи неговото барање“, се вели во соопштението на француското претседателство.
„Асанж не е изложен на непосредна опасност, а освен тоа против него има издадена европска потерница“, се вели во соопштението на Елисејската палата.
Џулијан Асанж веќе три години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој побарал засолниште таму, откако имаше опасност да биде екстрадиран од Лондон кон Шведска во врска со истрагата против него за сексуално малтретирање над две жени.
Асанж ги негира овие обвиненија. Тој е загрижен дека ако се врати во Шведска, оттаму може да биде екстрадиран во САД и таму да биде суден поради тоа дека неговиот сајт кој шири доверливи американски воени документи и дипломатски телеграми.
Можеби ќе ве интересира
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина




