06 Декември, 2025
0.0388

Парк резиденс – луксузен комплекс во градскиот парк: 126 апартмани, деловен простор, спа, фитнес…

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2014 09:31

Добивај вести на Viber

Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски стандарди за луксузно апартмантско живеење, неодамна е пуштен во употреба луксузниот комплекс Парк Резиденс. Љубителите на убавиот животен простор ќе имаат ретка можност да купат апартман, на локација како на ретко кое друго место, да го живеат својот сон, и да ја реализираат инвестицијата на својот живот. Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани над 25.000.000 милиони евра домашен капитал, во изградбата се користени материјали од светските брендови како Cotto D' ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет. Навистина сме горди на овој објект. Парк резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на нај пребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина,  одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вгра­де­на во об­јек­тот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите, изјави Бранкица Анѓелевска проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.
За повеќе детали, за опис и големина на апартманите кликнете ТУКА
КАКО СЕ ОПРЕМЕНИ АПАРТМАНИТЕ? Aпартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат си­те највисоки европски тех­нич­ки и гра­деж­ни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија. Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија