05 Декември, 2025
0.0542

Паркинзите во Охрид во раце на приватник; Бизнис зделка или средување на сообраќајот?!?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2013 18:47

Добивај вести на Viber

Со Одлуката за давање петгодишен закуп на паркинг-просторот на улиците во центарот на Охрид ќе се среди проблемот со сообраќајот во центарот , соопшти Кабинетот на градоначалникот на Охрид како одговор на претходно изнесените обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој туристички центар во светот, за свое добро, за доброто на туризмот и развојот, треба да е среден. Сите улици, особено во централното градско подрачје мора да бидат средени и проодни, како за автмобили така и за пешаци. Тротоарите и просторите каде е забрането паркирањето мора да бидат проодни. А оние улици во централното градско подрачје, каде има доволно простор за проодност и за паркирање, како во сите туристички центри, така и во Охрид ќе се наплаќа со цел средување на сообраќајот во центарот“, стои во реакцијата на општинската администрација, предводена од градоначалникот Александар Петрески.

Општина Охрид распиша тендер за давање петгодишен закуп на градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона, а со стекнувањето право на стопанисување со паркинг-просторот, идните концесионери ќе вршат наплата за паркирање на повеќе улици од централното градско подрачје.

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ
Александар Петревски откако во Охрид воведе најскап паркин за централното градско подрачје, сега оди чекор понатака, го претвора речиси целиот град во паркинг зона со која ќе стопанисуваат неговите бизнис партнери, обвинија денеска советниците од ВМРО- ДПМНЕ.

„Во услови кога Петрески знае дека го чека сигурен пораз на престојните локални избори и во услови кога ги брои последните денови како градоначалник, локалната самоуправа на тендер издава под закуп за период од 5 години градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона, со што безмалку во целото градско подрачје ќе се наплатува паркирањето . Со ваквиот чин на објавување на тендер за паркинг простори низ целиот град логично е да се постави прашањето, Дали Александар Петрески на крајот од својот мандат е приморан и ги расчистува должничкодоверителските односи со своите бизнис тајфи,“ изјави портпаролот Никола Митровиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?