18 Декември, 2025
0.1134

„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ И НЕГОВИТЕ ФИРМИ ВО ЗАГУБА: Имаат над 700 вработени, „Флораком“ меѓу должниците на УЈП

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2025 08:25

Добивај вести на Viber

Јавното претпијатие „Паркови и зеленило“ две години по ред работи со загуба, покажуваат официјалните документи. Ако во 2022 година фирмата била 14,6 милиони денари во плус, следната 2023 година, претпријатието влегло во минус од 119,4 милиони денари. Во 2024 година, фирмата била во подобра состојба, но се уште во минус, но од 58 милиони денари.

Во незавидна состојба се и двете компании сновани од „Паркови и зеленило“, „Луна“ и „Флораком“.

„Луна“ пак, е во слободен пад. во 2022 година била во минус од 6,9 милиони денари. Следната 2023 година, била во минус од 9,4 милиони денари, додека лани, фирмата влегла во минус од 17,5 милиони денари.

„Флораком“ е во најнезавидна состојба – Должник е на УЈП за ДДВ од 8 милиони денари. Нејзините сметки се блокирани и исто како и фирмата-мајка и сестринската „Луна“, работи со загуба. Во 2022 година, „Флораком“ била во минус од 3,9 милиони денари. Во 2023 година, се намалила загубата на 1,8 милиони денари, а лани, фирмата влегла во минус од 11,1 милиони денари.

Според последните достапни податоци, претпријатието и неговите две фирми заедно имаат 712 вработени – 638 во „Паркови и зеленило“, 32 лица во „Луна“ и 42 во „Флораком“.

„Луна“ е основана во ноември 2001 година, за дејности на забавни и тематски паркови. Раководеше со Луна паркот, кој од 2017 година не е во функција и до денеска, не е изграден.

„Флораком“ пак, постои од 1991 година, под капата на ЈП „Комуналец“. Во декември 2001 година се трансформира и како негов основач се јавува „Паркови и зеленило“. Дејноста на оваа фирма е одгледување други едногодишни насади и посеви.

Вчера, вработените на јавното претпријатие и овие две компании излегоа на протест, поради неисплатени плати. По протестот, на вработените во „Пакови и зеленила“ им била исплатена платата. Сепак, сите 74 вработени во „Луна“ и „Флораком“ остануваат приходите, па за денеска е најавен нов протест.

По изборот на актуелната градоначалничка, Данела Арсовска, се сменија повеќе директори на ЈП „Паркови и зеленило“. Актуелниот, петти по ред директор откако Арсовска е градоначалничка на Скопје, Јетон Буќи беше избран во август минатата година, а откако градоначалничката го разреши неговиот претходник Мартин Ангеловски, месец и половина откако беше назначен.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?