19 Декември, 2025
0.0391

Парламентот во Грција го одобри пакетот договорен со кредиторите

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2015 10:02

Добивај вести на Viber

Грчкиот парламент го усвои пакетот закони за реформи, кои беа договорени како предуслови за почеток на преговорите помеѓу Грција и другите земји од еврозоната за третата кредитна програма за земјата.

Програмата ќе биде со зафатнина од 80-90 милијарди евра, а владите на земјите од еврозоната ќе обезбедат меѓу 40 и 50 милијарди евра од оваа помош, а остатокот ќе дојде од ММФ и финансиските пазари. Како што објавија светските агенции, „за“ гласале 229 пратеници од 300-членови во парламентот на Грција. Шестмина биле воздржани, а „против“ биле 64 пратеници. Во документот се фиксираат измените во даночното законодавство, социјална помош и осигурување, како и ограничување на практиката на предвремено пензионирање.

Вкупно 32 пратеници од владејачката коалиција со главен играч на екстремнолевичарската партија „Сириза“ на Алексис Ципрас гласале „против“, додека 6 гласале „воздржани“. Меѓу гласачите „против“ се поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, првиот заменик министер за финансии во оставка Надја Валаам, министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, првиот заменик министер за здравство Димитрис Стратулис и првиот заменик министер за одбрана Костас Исихос. Лично Ципрас се појавил на седницата и одржал импресивен говор, велејќи дека ако му останат под 121 пратеници, ќе го одјави управувањето. По гласањето се покажа дека има на располагање 124 лица.

Дебатите и гласањето се одржаа во напната атмосфера, откако порано пред парламентот имаше судири меѓу полицијата и противници на бараните ограничувања од доверителите , вооружени со молотови коктели. Неколку десетици млади со шлемови и маскирани почнаа да фрлаат шишиња со запаллива течност. Ова следеше по крајот на манифестација, се собрале на плоштадот 12 000 лица кои протестираа против договорот за тешките услови, кои беа потпишани помеѓу Грција и нејзините кредитори. Во судирите во Атина се повредени четворица грчки полицајци и двајца француски фотографи. Демонстрантите запалиле автобус на грчка телевизија, ги искршиле околните банкомати како и излозите на неколку продавници. Полицијата била принудена да употреби солзавец.

Земјите членки на еврозоната, кои подоцна денеска ќе одржат телефонска конференција - околу 11:00 часот по македонско време, бараат од Грција да ги ратификува првите мерки пред да биде доведен во дејство новиот спасувачки план за земјата. Ципрас не криеше дека „не верува во овие мерки, кои нема да се одразат добро на грчката економија“. Тој, сепак увери од трибината на парламентот дека единствените перспективи биле хаотичен банкрот или привремено исклучување од еврозоната. Текстот треба да биде ратификуван од Германија во петок (17-ти јули) и од Финска - двете земји со најголема тврда линија во однос на Грција.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен