Парламентот во Грција се обидува да го саботира договорот со кредиторите
Објавено во: Балкан 12 Август, 2015 18:52
Претседателот на грчкиот парламент Зои Констандопулу се обидува да го саботира договорот со меѓународните кредитори за доделување на третиот финансиски спасувачки пакет на Атина во износ од околу 86 милијарди евра, и ја попречува постапката за гласањето, објави електронското издание „GRReporter“.
Таа се подготвувала да свика состанок на претседателите на парламентарните партии и комисии доцна синоќа, на што требало да се одлучи дали пратениците вонредно ќе се соберат и ќе гласаат за договорот.
Констандопулу не е во согласност со инсистирањето на премиерот Алексис Ципрас за итно свикување на пратениците, за да се ратификува документот и што е можно побрзо и Атина да добие итна финансиска транша до 20 август, кога ќе треба да ги плати обврските во износ од 3,2 милијарди евра кон ЕЦБ. Ципрас испратил писмо до Констандопулу, нагласувајќи дека гласањето треба да биде на седницата на пратениците денес.
Со одлуката на Зои Констандопулу парламентарните комисии најверојатно ќе почнат да заседаваат денес наутро, а не во средата, како што сакаше премиерот, и ќе завршат потребните процедури за гласањето подоцна вечерва. Така најверојатно гласањето на договорот ќе се заврши до полноќ на 13 август.
Членови на Владата го осудиле однесувањето на Зои Констандопулу и најавија дека таа отворено војува со премиерот Ципрас, откако се обидувала да ја попречи секоја законодавна иницијатива. 12 од 20-те претседатели на партиските групи и парламентарни комисии испратиле писмо до претседателот на парламентот со барање за забрзување на процедурите за гласањето за договорот.
Конзервативците, социјалистите и левичарската партија „Потами“ изјавиле дека не се согласуваат со тешките мерки утврдени во договорот, но ќе го поддржат. Комунистите и десничарите од „Златна зора“ се категорично против договорот, како и 40 пратеници од владејачката партија „СИРИЗА“.
Грчкиот премиер Ципрас разговарал по телефон во вторникот вечерта со германската канцеларка Ангела Меркел, извести електронското издание „Ио Обзервер“, цитирајќи извори од грчката влада. Меркел била „скептично“ настроена за договорот. Според Меркел мостовите за финансирање биле подобра опција за Грција од целосен договор, што бара многу повеќе дебати.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




