Парното поевтинува до 20% и ќе грее 24 часа, но само во скопска Автокоманда
Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2013 15:52
Граѓаните од населбата Автокоманда во Новата година влегуваат со можност за поевтино парно до15 до 20 отсто, кое ќе работи 24 часа на ден. Ове е овозможрно благодарение на Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за изменување и дополнување на лиценцата за вршење енергетска дејност „Снабдување со топлинска енергија“ на АД ЕЛЕМ, подружница Енергетика, со која и се дозволува да испорачува топлинска енергија за потребите на населбата Автокоманда од почетокот на 2013-та.
заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска беа во населбата Автокоманда за да се сретнат со граѓаните и да видат како започна преземањето на греењето.
„АД ЕЛЕМ во текот на минатата година го направи магистралниот топловод во должина од два километра за населбата Автоокоманда, инвестиција вредна 1,7 милиони евра направена на барање на граѓаните и на локалната самоуправа во соработка со Град Скопје. Со топлинската енергија што се обезбедува од ЕЛЕМ Енергетика досега се загреваа 2.170 домаќинства и 72 јавни објекти на територијата на Маџари, Триангла, Хиподром, Железара и дел од Автокоманда, а со новата инвестиција ќе им се приклучат уште 1.854 семејства во 70 станбени единици, како и градинки, училилишта, спортски сали и трговски објекти“, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски
ЕЛЕМ-енергетика, вели Бошковски, навреме ги отстранува техничките проблеми кои постојат при преземањето на корисниците во системот и најави дека вече има 500 барања за приклучување на системот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





