20 Декември, 2025
0.0514

Партиите потпишаа Кодекс за фер избори, дали уште утре ќе го заборават

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016 18:20

Добивај вести на Viber

Политичките партии кои ќе учествуваат на изборите во Државната изборна комисика го потпишаат Кодексот за фер избори кој повеќе служи како етичка, а не правна рамка за однесување во текот на предизборната кампања и на денот на самите избори. 

„Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството. Сите ученици во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија“, истакна претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

Меѓусебното почитување, овозможување на позитивна атмосфера за изразување на политичките ставови, партиски активности за претставување на кандидатите и делувањето меѓу гласачите на принципиелно ниво се само насоки кои партиите можеби и ќе ги заборават во жестината на кампањата која започнува утре.

„Јас сум убеден дека изборите ќе бидат регуларни. Дали ќе бидат фер и демократски, ќе ја прашате власта, заради тоа што таа беше таа виновната, која што не овозможи на граѓаните во минатите години, Македонија да има фер, демократски и регуларни избори. Сакам да испратам јасна порака, знаејќи дека за нашата Македонија не постои друга алтернатива освен комплетно чисти, кредибилни, регуларни, фер и демократски избори. Дека доколку се случи нешто што е спротивно на тоа, ќе сторам сѐ како политичар, целосно да се спроведе законот во Република Македонија и секој прекршител на законот, пред се Изборниот законик, но и Кривичниот законик кој што се обраќа на таа тема, да биде изнесен пред правдата и да понесе конкретна одговорност“ посочи Зоран Заев, лидерот на СДСМ по потпишувањето на Кодексот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки