Партијата на Љубе Бошкоски поддржува формирање реформска влада од парламентарното мнозинство
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017 11:19
Претседателството на Обединети за Македонија (ОМ) поддржува формирање реформска влада од парламентарното мнозинство кое е сочинето од 67 пратеници под водство на СДСМ и лидерот, Зоран Заев.
Од партијата сметаат дека Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот, прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати, формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати.
„Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија кои се во рамки на највисокиот правен акт, Уставот на Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање дебати кои ќе отворат пат на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО“ - велат од ОМ.
Обединети за Македонија како партија, чиј лидер е Љубе Бошкоски, со јасна вмровска идеологија ги повикуваат своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




