Партијата на шоуменот Слави Трифонов со голема поддршка пред изборите, станува новиот Красимир Каракачанов
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2021 08:24
ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов го задржува водството пред Бугарската социјалистичка партија со предност од 2,7 отсто, покажа најновата анкета на истражувачкиот центар „Тренд“ пред парламентарните избори во Бугарија на почетокот од април.
Гласот за ГЕРБ би го дале 27,6 проценти од испитаниците, додека за опозициската БСП се 24,9 отсто од анкетираните.
Она што е највпечатливо е големата подршка за партијата на шоуменот и бугарски радикал Слави Трифонов. „Има таков народ“ има поддршка од 11,8 проценти.
ДПС е застапена со 10,3%, а потоа следува „Демократска Бугарија“ со 6 проценти. Тука се затвора кругот на петте партии кои се сигурни учесници во бигарскиот парламент и ќе можат да ги договараат коалициите.
„Исправи се БГ“ има 4,1 отсто, додека ВМРО и коалицијата „Обединети патриоти“ на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов е со 4,0 отсто. За овие две партии, односно коалиции, е неизвесно дали ќе влезат во бугарскиот парламент.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




