06 Декември, 2025
0.1560

Партиските истражувачки центри чекор поблиску до државните пари

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2013 19:39

Добивај вести на Viber

Предлог-законот за партиски истражувачко-аналитички центри, поднесен од група пратеници беше прифатен од Собранието и продолжи на второ читање. Новиот Предлог закон предвидува партиите со државни пари да формираат аналитички центри, а парите ќе може да ги користат за испитување на јавното мислење за своите партии, за спроведување дебати и трибини, но не и за партиски активности.

„Со овие промени на законот, крајно необјективно, селективно, се форсираат само четири политички партии да бидат финансирани нивните истражувачки центри од страна на буџетот, државата, од парите на граѓаните. Ваков законски проект сега, во услови на тешки економски и финансиски состојби не и е потребен на Македонија“, рече пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Според него, нема реални критериуми врз основа на кои ќе се финансираат политичките партии за формирање центри за истражување и анализирање.

Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски рече дека ќе дискутираат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, во прво читање, поднесен од група пратеници од опозицијата, откако ќе го разгледаат работните тела.

Во попладневниот дел од денешната седница на законодавниот дом поддршка добија предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за високото образование, за ученичкиот стандард, за државните службеници, за јавните службеници, за пензиско и инвалидско осигурување, сите по скратена постапка.

Собранието ги донесе и Предлог-законoт за студентскиот стандард, Предлог-законот за изменување на Законот за социјална заштита, како и предлог-законите за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија и за внатрешна пловидба, сите по скратена постапка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?