16 Јануари, 2025
0.0281

Паско Кузман: Му реков на Субрата Рој да не чепка кај Љубаништа

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Археологот Паксо Кузман во своето денешно интервју се сомнева дека судскиот процес Фаланга 2 каде што тој беше обвинет, има врска и со неговото спротивставување несудениот инвеститор од Индија, Субрата Рој, во намерата да подигне проект во Љубаништа.

„Да, јас се спротивставив на тоа. Имав една средба со него. Кај Љубаниште има локалитети и реков дека тука треба да се внимава и да не се чепка. Можеби е тоа, не знам. Митрополитот Тимотеј тогаш ми рече дека добро сум постапил. И за Езерото кажав дека е под заштита на УНЕСКО и дека треба да се внимава“, одговори Кузман на едно од прашањата во неговото денешно интервју за МКД.

Вели дека сепак не сака многу да зборува за случаите Фаланга 1 и Фаланга 2.

„Не сакам да зборувам многу за тоа. Но сигурно има од сѐ по нешто од тие зборови што ги употребивте. Сите знаат, сите мои колеги, сите што ме познаваат, знаат дека јас со таква работа не се занимавам. Дури и кога беше оној големиот случај со кражбата на артефакти, археолошки предмети од Музејот на Македонија во Скопје, дел од моите колеги беа осудени на затвор, некои од процесите мислам дека сѐ уште траат... И тогаш ми дојдоа дома шест луѓе. Тоа беше изненадување и шок за моето семејство, за жена ми, која е во количка. Кај мене бараа предмети најдени во локалитетот Исар Марвинци и насекаде каде што работевме. И до ден денес тие артефакти не се најдоа. И тоа најмногу ме боли, ме загрижува и ме чуди. Кај моите колеги сигурно не се, тоа го гарантирам. Некаде се, каj некого, кај некои битни личности и мислам дека сѐ уште се во Македонија. Тие предмети ги нема во музеите“, тврди археологот.

Кузман додава дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ буџетот за истражување на артефакти бил на доста завидно ниво, но приоритетот не бил антиката.


„Нашата работа немаше врска со таа т.н. антиквизација. Едноставно тоа се наметна, кога копате наидувате и на праисторија, неолит, антика и среден век. На еден локалитет нема само антика. Ние не смееме да работиме само антика, ние ги следиме културните слоеви. Истражуваме и праисторија и антика, византиски период, среден век, отомански период“, вели експертот.

На повеќе наши локалитети – Стоби, Хераклеја, Скупи... антиката ја има најмногу затоа што била најсилна на оваа територија. И затоа излегуваше дека ние бркаме само антика, дека бараме некакво потекло. Тоа нема врска. Јас сум праисторичар и уживам кога ќе наидам на тие слоеви“, смета тој.

Кузман и натаму вели дека има амбиција да го пронајде гробот на Александар Македонски, но додава дека денешните Македонци се Словени.

„Да, реков. Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство“, додава Кузман.

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?