05 Мај, 2024
0.0260

ПАТАРИНИ: Колку чинат и на кој начин се плаќа со готовински и со банкарски но и со бесконтактни смарт картици

Објавено во: Економија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од три месеци како почна електронската наплата на патарините кај Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на наплатната станица Петровец а во оваа статија ќе се обидеме да ви објасниме како се врши и колку чини плаќањето.

Наплатата на патарина ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици а постојат три видови на плаќање:

  •  готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни),
  •  електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и
  •  билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање

Купувајќи бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг) сите правни и физички лица ќе може да ја плаќаат патарината, додека пак уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување.

Со бесконтактните смарт картички можете само да плаќате со приближување на картичката до читачот.

Како се движат цените:

100 денари е сумата која ќе ја платите за бесконтактните смарт-картички и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет.

Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица

Како се одвива плаќањето со смарт-картички

- Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.

- Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината.
- Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства.
- Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности:
- Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички);
- Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или
- Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.

Што значи Поминување со уред за електронска наплата на патарина -или уред наречен ТАГ ?

- Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.

- Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената.

- Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката.
- Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
- Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички.

Купување и дополнување на припејд-уред

Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец, а можат да се надополнуваат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта, на следниот линк:

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години