ПАТНИЧКИ АВИОН ПРЕНАСОЧЕН КОН ЗАГРЕБ ЗАРАДИ ИТНА СИТУАЦИЈА: Летал од Франкфурт кон Хургада
Објавено во: Балкан 08 Април, 2023 10:39
Авион
Боинг 737-800 на хрватскиот ACMI превозник E.T.F Airways, регистарски број
9A-KOR, утрово во 8:20 часот по локално време на лет од Франкфурт кон Хургада и
во моментот на влегување во воздушниот простор на Босна и Херцеговина на
надморска височина од 10.700 метри, беше пренасочен кон Загреб, пишува
Авиорадар.
Екипажот го пренасочил авионот поради, како што неофицијално дознава AvioRadar, здравствен проблем на еден од патниците на летот. Неофицијално, станува збор за срцев удар на еден од патниците. На аеродромот во Загреб патниците биле спремно пречекани од службите за итни случаи. Авионот слета во Загреб во 8:36 часот по локално време.
ФОТО: Flightradar24Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




