25 Април, 2024
0.0284

Патот до Сончев Град останува заглавен во процедурите

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Патот до Сончев Град останува заглавен во процедурите

Пуштањето во употреба на патот на Водно кој води до идната елитна насеба Сончев Град и до Сопиште останува заглавен во процедурите иако веќе две години е завршен, што се поклопува со мандатот на актуелната власт кој завршува предвремено со вонредните избори следната година.

Она што барем е појасно е дека ЈП Државни патишта го има завршено својот дел од работата, а сега останува техничките процедури да ги заврши Министерството за транспорт и врски.

„Министерството за транспорт и врски активно работи на правните постапки за пуштање во употреба на патниот правец. Сметаме дека патот кон Сопиште е многу важен пат за сите граѓани и затоа максимално сме посветени на забрзување на постапката за пуштање во употреба. Очекуваме дека набрзо ќе бидат завршени сите постапки и патот ќе може да се користи“, гласи актуелниот официјален одговор од министерството.

Од она што е последно детализирано е дека се бара поедноставување и скратување на процедурите кога ќе се појави потреба од измена на проектот поради специфичните теренски услови, односно појавата на свлечишта, за да следува одобрение за употреба, бидејќи конфигурацијата на теренот е таква што бара чести отстапки на трасата. Суштината е во тоа што она што е изградено на терен треба да се донесе во состојба да биде идентично со она во документацијата.

Министерството за транспорт и врски и измените во прописите треба да бидат последната инстанца пред да биде одобрена дозволата за употреба, откако „Државни патишта“ поради измената на проектот бараше дозволи, одобренија и согласности од низа институции, а директорот Зоран Китанов на секои два до три месеци најавуваше скоро активирање на делницата се до денес.

Патот беше целосно изграден на почетокот на 2017 година. Изградбата на патот за Сончев Град почна во јуни 2013 година со жестоки противења најмногу поради сечењето на голем дел од парк-шумата Водно. Патот е долг 4,4 километри и за неговата изградба, се потрошени околу 7,7 милиони евра. 

Овој пат покрај тоа што води до елитната насеба, замислено е да им служи и на жителите на Сопиште и оние кои имаат таму имот да не кружат преку Кисела Вода. Идејата за целокупниот проект Сончев Град е започната уште во времето на Владата на Владо Бучковски кога министер за транспорт и врски беше Џемали Мехази.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?