20 Декември, 2025
0.0520

ПАТОТ ДО УСПЕХОТ: Од готвач кон бизнисмен – Гордон Ремзи

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015 16:10

Добивај вести на Viber

Што можеме да научиме од еден вистински шеф готвач (роден во сиромаштија, од шкотскo потекло, со многу мали перспективи)?

Ако името на овој човек е Гордон Ремзи - можеме да научиме еден куп рецепти за тоа како да се пробиеме во претприемништвото.

Од готвач кон бизнисмен - Гордон Ремзи постигнал исклучиво многу благодарение на неверојатнииот кулинарски талент и учеството во ТВ емисии, како MasterChef.

Но за да достигне до овие врвови тој поминал еден многу долг и тежок пат кон успехот, бидејќи почнал од нула.

Еве какви поуки можеме да земеме од неговите животни искушенија:

Предизвикувачко детство може да создаде врвен успех

Често токму децата кои пораснале во голема сиромаштија и со тешко детство, се претвораат во најуспешните луѓе. Таков е и случајот на господинот Ремзи. Тој си заминува од дома на 16-годишна возраст. Од тогаш се бори со заби и нокти да дојде до она што е во моментов. Која е поуката? Не е важно од каде доаѓаш, туку каде сакаш да одиш.

Грешките можат да не одведат во вистинската насока

Првата работа на Гордон Ремзи му била како готвач во пристоен хотел - Wroxton House Hotel. Поради тоа што спиел со жената на сопственикот, тој ја напушта оваа позиција и се преселил во Лондон. Дали би стигнал до сегашните врвови, ако не си ја дозволил оваа грешка, која го натерала на одлуката да се пресели? Можеби да, можеби не.

Неуспехот е дел од успехот

Може да имате совршен производ, верна публика и големо име во индустријата и сепак да претрпите неочекуван неуспех. Овој туторијал е засилен со фактот дека Гордон Ремзи затворил вкупно 12 ресторани од 2009 година. Не е важно колку си добар во бизнисот, неуспеси не се исклучени и тоа е нешто сосема нормално.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата