Патот од западот до боиштата на ИСИС
Објавено во: Анализа 03 Март, 2015 08:33
Серија состаноци на високо ниво на ЕУ во Брисел овој месец се обид да се подобри антитерористичката политика на Унијата и да се зголеми размената на информации. Европските политичари велат дека во последните месеци безбедносните агенции ја зголемија размената на имиња на осомничени за тероризам. Во четвртокот, водачите на ЕУ се согласија да ги прошират користењето на базите со податоци на полициите во регионот, вклучувајќи и детали за патниците во авионите за да го запрат излезот на потенцијалните борци.
Обично европските земји се плашат од споделување на информации, главно поради верувањето дека одредени земји имаат пониски стандарди за почитување на законот и потенцијално истекување на инфромцаии би можело да им наштети на спроведување на операции и собирање на податоци.
Од летото Интерпол и Европол го зголемија бројот на имињата во нивните црни листи за патување. Националните агенции за сигуронст сепак преферираат да работат двострано, тврди Александар Еванс, шеф на програмата на ОН за санкции против Ал Каеда и Исламска држава.
Некои земји, исто така, се загрижени дека споделувањето на премногу лични информации за нивните граѓани може да ги наруши законите за приватност, сметаат дипломатите на ЕУ и ОН.
Дури и со обидите на ЕУ да ги заостри безбедносните правила, потенцијалните борци се насочуваат кон ранливи излези. Соработката меѓу земји од ЕУ и нејзините сојузници во бази со податоци работат добро на прометни граници - како на пример аеродромот во Истанбул, споредено со места со помала технолошка инфраструктура, велат европски политичари. Слабите точки вклучуваат 259 километри граница помеѓу Бугарија и Турција и секојдневните фериботи меѓу окупираниот од Турција северен Кипар и Турција.
Но каде е главната опасност: "Што ќе се случи кога Исламска држава ќе заврши? Ние треба да сме внимателни не само со европејците кои се обидуваат да патуваат за Сирија, туку и за оние кои се обидуваат да се вратат".
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





