ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ ЗА ПУТИН: Tој е добар пример за добар христијанин
Објавено во: Свет 12 Јули, 2025 18:44
Рускиот патријарх Кирил го нарече рускиот претседател Владимир Путин „добар христијанин, искрен верник и човек на црквата“. По службата по повод празникот на Светите апостоли Петар и Павле во Санкт Петербург, патријархот рече дека историската промена што се случила во животот на земјата по прогонот на црквата за време на СССР се манифестира не само во изградбата на илјадници цркви, туку и во православната вера на шефот на државата. „Го преживеавме прогонот на атеистите и нашата црква се прероди, а со неа се преродува и нашата татковина. А на чело на државата е православен христијанин – Владимир Путин, не некаков имитатор на религијата на мнозинството, туку искрен верник, човек на црквата… Владимир Путин не се двоуми да дојде во црква или да се причести. Она што е важно за целиот народ е тоа што тој е добар пример за добар христијанин“, рече патријархот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




