26 Ноември, 2024
0.0319

Павлески: „Кафе ди Артисан“ очекувам скоро да запоне со работа, веќе контактирав со пет можни инвеститори

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Дејан Павлески, новиот директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, кој како вршител на должност го назначи Владата, вели дека „Кафе ди Артисан“ инвестицијата на светскиот гуру за течно кафе во капсули, Шанкар Шарма, наскоро треба да запоне со работа во Куманово, а истовремено до сега контактирал со пет други потенцијални инвеститори.

Со промената на директорската позиција во Агенцијата, кои промени првенствено планирате да ги направите и дали активно ќе учествувате во доведување на нови странски инвестиции, особено ако се знае дека во овој период, како што и се очекува, тие се во надолна линија во земјата?

Новата реалност со која се соочуваме во 2020 година предизвикана од здравствената криза на глобално ниво значително се рефлектира на растот на економијата во светот и во нашата земја.Не постои економија во светот која не е погодена од новата состојба, почнувајќи од земјите со високо развиени економии до земјите во развој. Според податоците на UNCTAD (Unated Nations Conference on Trade&Development) странските директни инвестиции во целиот свет бележат опаѓање дури за 49%. Податоците кај нас покажуваат дека 2020 година ќе беше многу успешна година во делот на странските директни инвестиции доколку не се случеше Ковид пандемијата. Имено, во првата половина на 2020 година имаме вкупно 123 милиони евра странски директни инвестиции што значи зголемување во однос на 95-те милини евра од првата половина во 2019 година. Дополнително, откако сум назначен на оваа позиција лично контактирав со пет заинтересирани инвеститори од повеќе индустрии (ИТ, телекомуникации, прехрана, текстил) кои имаат сериозни намери да инвестираат кај нас. Во секој случај, ќе мора да се сложиме дека ова се сепак охрабрувачки податоци за нашата земја за условите во кои живее целиот свет.

Големите играчи во меѓународните економски тeкови секогаш во кризите препознаваат и можности, а не само опасности. Во суштина тоа е мотото кое ќе сакам да го пресликам и во функционирањето на Агенцијата. Тоа би значело дека генерално ќе се насочиме кон:

-  Следење на постоечките странски инвестиции преку активна комуникација со цел задржување и зголемување на постоечките обеми на работа, стимулирање на реинвестиции и поврзување со домашните компании заради добивање на додадена вредност во економијата,

-  Дефинирање на нова стратегија за привлекување на странски инвестиции која ќе ги препознае и можностите од евентуалните преселби на капацитетите на големите инвеститори, особено од Европа поблиску кон својот двор,

-  Додавање на нови вредности во нашиот извоз, особено во секторите кои имаат потенцијал за раст и развој.

Крајна цел е со тоа да се помогне на домашната економија да ја одржи стабилноста за да се преброди постоечката криза и да се создадат предуслови за иден раст и одржлив развој.

Пред две години беше најавено дека „Кафе ди Артисан“, компанијата за течно кафе во капсули, ќе гради фабрика во Куманово, а инвестицијата ја договори Агенцијата. До каде е остварувањето на оваа инвестиција во земјата?

Компанијата „Кафе ди Артисан“ на почетокот на 2018 година ја започна својата инвестиција со пренамена на постоечки индустриски објект во Куманово во фабирика за своите производствените потреби. Наредната 2019 година, направија инвестиции во набавка и увоз на машини за поставување на производствениот процес.На почетокот на 2020 година, компанијата го направи и првото тест производство на течно кафе во капсули. Поради светската пандемија и новите услови на функционирање со големи ограничувања и потешкотии во движењето на добрата и луѓето, а со максимална помош и асистенција од страна на Агенцијата се премостуваат проблемите и очекувам дека за многу скоро овој капацитет ќе отпочне со редовна работа. Инаку,се работи за инвестиција која изнесува 835.000 евра со тенденција за зголемување на истата до 1.000.0000 евра до крајот на годината. Моменталниот број на вработени е 8, но со самото отпочнување со работа бројот на вработени ќе расте.

Дали во моментов постојат активни промотори на Македонија во странство и дали имате своја замисла како треба во иднина да изгледа оваа мрежа?

Во моментов не постојат активни промотори во странство. Земајќи го во предвид искуството и експертизата на Агенцијата во областа на економската промоција на земјата во странство, има реални согледувања, предлози и сугестии за креирање нов модел, кој ќе придонесе кон успешна реализација на програмските активности на Владата за промоција на националните економски интереси во странство. Согласно тоа, работиме на креирање на модел на економска промоција во странство кој ќе кореспондира со потребите на нашата економија, но и на потенцијалот на земјите врз кои би бил ставен фокусот, како една од приоритетните активности.

Потребно е да се примени посебен пристап така наречен tailor-made-approach кој ќе го привлече вниманието на странците и ќе стави акцент на поволностите кои ги нудиме, а кои отскокнуваат од останатите земји како наша предност. Целта ќе ни биде привлекување на странски инвестиции кои ќе донесат нови технологии и нови знаења и кои ќе произведуваат добра со повисока додадена вредност, а не помалку и промовирање и отварање на нови можности за пласман на македонски производи на странските пазари.

Вицепремиерот Љупчо Николовски најавуваше дека ќе има спојување на институции, а беше споменувана и Агенцијата во тој контекст. Како Агенцијата ќе дејствува во иднина?

Мора да истакнам дека веднаш по превземањето на функцијата имав официјална посета на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, што на некој начин ја покажува и важноста и значењето на Агенцијата во делот на привлекувањето на странските директни инвестиции, и во поттикнување и промоција на извозот на нашите производи.

Агенцијата во иднина својот акцент ќе го стави на воспоставување и остварување на контакти со потенцијални инвеститори, користење на добрите практики и искуствата на сите чинители кои можат да го олеснат и помогнат тој процес, но и да помогне да направи видлив исчекор во раст на извозот во секторите кои имаат таков потенцијал.

Можам да кажам дека во тесна соработка со претставниците на Владата активно ќе бидам вклучен и ќе дадам свој придонес во сите процеси кои ќе значат поефективна и поефикасна работа на Агенцијата и на другите институции кои имаат за цел раст и одржлив развој на економијата.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво