06 Декември, 2025
0.0310

Павлески од Агра: Македонија е влез кон пазар од 650 милиони луѓе

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2013 14:49

Добивај вести на Viber

Македонија како земја што се наоѓа на крстосница во Југоисточна Европа  е идеален производствен и дистрибутивен центар до европските пазари, истакна македонскиот министер за странски инвестиции Бил Павлески во Индија,пред се поради ниските конкурентни производствени трошоци, даночните ослободувања  и  потпишаните договори за слободна трговија.

Во своето обраќање на пленарната сесија  „Брзорастечки глобален синџир на вредности:Каде се вклопуваат економиите во развој?“, во рамки на Глобалниот партнерски самит во Агра, Павлески говореше пред претставници  од 5.000 компании, порачувајќи им дека Македонија овозможува влез на пазар од повеќе од 650 милиони луѓе.

На маргините на самитот, како што соопшти владината прес-служба, Министерот се сретнал со премиерот на Утар Прадеш, Шри Б. Л. Јоши и министерот за трговија, индустрија и текстил, Ананд Шарма.

Павлески, заедно со директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Висар Фида и Виктор Мизо, и економскиот промотор во Индија,  Тони Атанасовски, имаше и деловни средби со повеќе индиски компании од автомобилската и ИТ индустријата.

Годинашниот Глобален партнерски самит  се одржа во организација на Министерството за трговија и индустрија, Владата на Индија и Конфедерацијата на индиската индустрија. На самитот се дискутираше за неколку клучни прашања, меѓу кои враќање на макроекономската стабилност преку обезбедување фискална дисциплина, финансиска стабилност и поттикнување развој и раст преку создавање подобра конкурентска основа за инвестиции во образованието, технологијата и иновациите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?