05 Декември, 2025
0.0518

Пазарите во развој остануваат чувствителни на економски шокови

Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2014 08:55

Добивај вести на Viber

Растечки економии, кои се радуваат на "извонредно" поволни услови за финансирање во последниве месеци, остануваат чувствителни на промени во ставовите на инвеститорите. Тие можат да влијаат приливот на капитал, наведува во новиот извештај на Светската банка (СБ). "Сегашните услови на пазарот се во поддршка на изгледите пред земјите во краток рок, но би можеле да ги поттикнат инвеститорите да го потценат ризикот, соопшти кредиторот со седиште во Вашингтон. "Ова може да ја постави основата за ненадејни пикови, да поттикне нестабилност и нагли промени при негативни вести", посочи уште меѓународната институција. Од месец март па наваму долгорочните каматни стапки и нестабилноста на пазарот опаднаа до "невообичаено ниски нивоа". Исто така ако приносот на долгорочните обврзници во САД се зголеми за 100 базични поени, или за 1 процентен поен, растечките економии би можеле да бидат засегнати од 50 проценти пад во приливот на капитал. Трендот би имал "потенцијално дестабилизирачки последици" за некои од нив, се наведува уште во извештајот. Глобалните финансиски пазари покажаа отпор против геополитичките тензии во вториот квартал,иако конфликтите во Украина, Сирија и Ирак не успеаја да ги уплашат инвеститорите, се вели во извештајот. Влошените услови би можеле да имаат "потешки последици". Меѓународниот кредитор ја анализира и ситуацијата во САД, каде што на економијата и предвидува скромен раст и стабилна инфлација. Овој факт, заедно со дополнителните олеснувања од страна на Европската централна банка, има изгледи на среден рок да го поддржи протокот на капитал кон земјите во развој. Приливот на капитал кон земјите во развој ќе достигне 5,6 отсто од глобалниот бруто домашен производ оваа година - исто ниво како пред една година. Нивото се очекува да се намали до 5,4 отсто во 2015 година и до 5,1% во 2016 година Во извештајот исто така се наведуваат нивоата на корпоративниот долг во Кина како причина за загриженост со оглед и на ситуацијата на пазарот на недвижности, која сама по себе носи "зголемен ризик". Според податоците на СБ вкупниот долг на втората по големина економија во светот е 240% од БДП. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени