19 Декември, 2025
0.0436

Пазарната вредност на „Гаспром“ падна за една третина

Објавено во: Свет 14 Февруари, 2013 11:38

Добивај вести на Viber

За една година пазарната вреднос на „Гаспром“ се намалила за една третина, со што овој концерн го смести на листата на најефтини големи нафтени и гасни компании во светот, пишува рускиот весник "Ведомости", кој се повикува на аналитичари од UBS. Капитализацијата на „Газпром“ на Московската берза, достигна минимална вредност, од јули 2009 година, намалувајќи се за 1,47% до 107,7 милијарди долари . За една година „Гаспром“ изгуби речиси една третина од својата пазарна вредност и што ја сместува на листата на најефтини концерни меѓу големите нафтени и гасни компании во светот, објаснуваат аналитичарите на UBS. За споредба, капитализација на најскапите нафтени и гасни компании е следнава: ЕxxonMobil – 406,4 милијарди долари, PetroChina – 330,1 милијарди долари, Shell – 262,5 милијарди долари, Chevron – 216,9 милијарди долари. Овој значителен пад на капитализација на "Газпром" е реакцијата на пазарот по информациите за зголемување на капиталните инвестиции (првично во 2012 година се планираше да се потрошат 777 милијарди рубљи, но во октомври беше усвоена нова инвестициона програма за 2012 во волумен 975 милијарди  рубљи) и што е уште поважно - за намалување на дивидендите, сметаат аналитичарот на UBS За 2011 година "Гаспром" плати рекордни 212,35 милијарди рубљи за дивиденди, а за 2012 година може да плати само 165,7-189,4 милијарди рубљи (7-8 рубљи по акција), се вели во презентација на компанијата

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците