29 Септември, 2024
0.0258

Пазарот изненадува – менаџерите се неподготвени

Објавено во: Анализа 19 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Луѓето и компаниите кои управуваат со светските пари располагаат со рекордни парични средства во готово. Барем засега.

Менаџерите на средства прибраа во своите џебови околу 93 милијарди долари минатата година, покажа истражувањето на Бостонската консултантска група (Boston Consulting Group). Тоа е за 17% повеќе во однос на 2012 година.

Во свет во кој банките доста често плаќаат казни за милијарди долари, зголемените профити на менаџерите на средства се само една светла ѕвезда во безграничната финансиска индустрија, тврди Гери Шуб од BCG.

Само, голем дел од овие добивки се должат на зголемените берзи, а не на раст од основна дејност. Многу малку нето парични средства се движат по сметките на инвеститорите. Нето приливот на инвестициските сметки во САД се зголеми само за 1% минатата година.

Може да се јави проблем кога одеднаш акциите ќе станат поевтини. А ако берзите влезат во мечкин период, тогаш сметките на менаџерите на средства може и да не излезат.

Најголем удар традиционално ќе претрпат менаџерите на реализирање на активни стратегии. Тие се потценети од најевтините пасивни стратегии кои управуваат со акции и обврзници, базирани на индекси во инвестициски фондови или на берзански-тргувачки фондови.

Менаџерите на инвестициски фондови исто така се притиснати од различните нови, стратегии кои BCG ги дефинира како "решенија". Ова се опции долж линиите на глобалните фондови за распределба на средства, на пример, кои во голема мера работат автоматски.

Крајниот резултат ќе биде дека елитната група на големите менаџери на средства кои обезбедуваат слични инвестициски алтернативи, ќе заработи ама лавовски нови долари. Во САД Vanguard Group - позната по своите евтини индексни и берзански- фондови - и најголемата менаџерска компанија во светот BlackRock добиваат два од секои пет инвестирани во САД долари. Според BCG топ 10 од најголемите менаџери на средства формираат речиси три четвртини од новите инвестициски текови.

Кои се добрите вести за инвеститорите? Целата оваа конкуренција значи дека надоместоците и провизиите за средните по големина инвестиции ќе се намалат.

Минатата година таксите по активно успеаа кај инвестициски фондови за малите инвеститори и беа намалени за 3%, а пак пасивно управуваните фондови - со 23%, а со 20 отсто поевтинија услугите на фондовите на пазарот на пари.

Во услови на ниски каматни стапки овие процентни падови се еден од чекорите кон осигурен инвестициски принос.

К.К.