28 Септември, 2024
0.0257

Пазарот на недвижнини ќе се враќа во нормала со повисоки камати?!

Објавено во: Анализа 25 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Централната банка на Велика Британија сака да го избегне зголемувањето на каматите, за да го скроти пазарот на недвижности, но темпото со кое се зголемуваат цените, и искуството на другите земји во решавањето на истиот проблем сугерираат дека најверојатно институцијата нема да го одложува таквото решение уште долго. Канада и Нов Зеланд првично применија мерки насочени за заострување на хипотекарни заеми, но на крајот конечно ги зголемија каматите. Со оглед дека Велика Британија се очекува да усвои повнимателен пристап кон ограничување на кредитирањето , може да биде тешко да се воздржи да ги зголеми каматните нивоа, пишува Ројтерс. Bank of England сигнализираше дека сака да почне да ја зголемува каматата од следната година , но се засилуваат стравувањата за станбениот сектор и неговото влијание врз заздравувањето на економијата . Гувернерот на централната банка Марк Карни на неколку пати веќе предупредува дека секторот на недвижностите претставува најголем ризик за економијата , но нагласува дека каматите " не се првата линија на одбрана". Англиската централна банка веќе презеде некои "меки" мерки за "ладење" на пазарот на недвижности и се очекува повторно да биде повнимателна на следната седница на комитетот за монетарната политика. Опциите се институцијата да ги принуди банките да посветат повеќе обезбедувања поради хипотекарните кредити, како и наметнувањето на "таванот" на големината на распределбата на хипотеки. Според експертите сепак централните банки се поефикасни кога донесуваат мерки кои директно влијаат на купувачите на имот - т.н. разумни макро мерки. Дополнително усложнување на ситуацијата е разликата помеѓу регионалните пазари на имот. Доверителите во Велика Британија веќе се должни да прават строга проценка на должници , што во најмала рака го забавува процесот на доделување на нови кредити . Одделно од 2015 година и странците кои инвестираат во имот на Островот , ќе почнат да плаќаат данок на добивка од продажба на станови , кој исто така ќе има познат рестриктивен ефект врз побарувачката на капиталот за секторот на недвижностите . Ефект би имало и ако владата ја намали горната граница за цените на недвижностите , кои се квалификуваат за државната гаранциска шема за хипотекарни заеми. Тоа веројатно најмногу примамливо би било врз пазарот на домови во Лондон . Премиерот Дејвид Камерон веќе даде барање дека е подготвен да ја издвои владината шема за стимулирање на купувачите на имот , ако Карни го посоветува . Какви мерки сепак треба да се преземат , научените лекции покажуваат дека тие се најефективни , кога се потпомогнати од монетарната политика . K.K.