19 Декември, 2025
0.4013

ПЕЧАЛБАРСКА САГА: Слаѓана Василев порачува, во Македонија тешко дека ќе се вратам!

Објавено во: Економија 13 Април, 2016 08:45

Добивај вести на Viber

Пред две години четириесет годишната Слаѓана Василев се спакувала во два куфера и заминала на печалба во Доха, Катар. Зад себе во Македонија оставила се што и е највредно во животот – синот и сопругот. Но, немала друг излез. Иако, во Скопје имала фризерско студио, сепак поголем дел од заработувачката одела за давачки кон државата. А, натежнал и станбениот кредит. Веќе две години е во Доха, и таму работи како фризерка, но вели дека условите и приходите во споредба со овде се „небо и земја“. Најтешка и е разделбата со семејството. Тоа е она што ја мачи, но вели дека мора да издржи токму за нејзините најблиски, оти за неколку години може да заработи пари колку што во Македонија за еден живот. Фактор: Како се одлучи да заминеш во Катар? Што беше пресудно за твојата одлука? Слаѓана: Пресудно за моето заминување од Македонија, како и на многумина други, беше економската состојба во земјата. Иако имав свој бизнис (фризерско студио) повеќе од десет години, се потешко се подмируваа месечните трошоци, се повеќе работев да ги подмирам давачките кон државата, а за возврат добивав едно големо НИШТО. Фактор: Во Македонија е твоето семејство, имаш и малолетен син. Како ја поднесуваш разделеноста? Слаѓана: Во Македонија останаат мојот сопруг Дејан и мојот тринаесет годишен син Тео, кои ми беа најголемата поддршка за моето заминување. 12992793_10206074835498939_675432647_n Фактор:  На колку време се гледате и дали семејството е почесто таму кај тебе или ти доаѓаш тука? Какво работно место имаш во Катар? Слаѓана: Овде во Катар сум скоро две години и работам во најелитниот фризерски салон Frank Provost Paris во хотелот Four seasons. Задоволна сум во однос на мојата заработувачка, така да можам да си дозволам секои три месеци да дојдам дома во Македонија и да бидам со моето семејство. Фактор: Колку е исплатливо за Македонецот неколку години да ги помине на печалба? Слаѓана: На прашањето колку е исплатливо за Македонецот неколку години да ги мине на печалба, би одговорила во зависност од неговиот договор пред да дојде тука. Многу млади луѓе доаѓаат за плата од петстотини евра месечно, што е далеку од доволно. И многу брзо си заминуваат. Како Македонци сме многу познати по светот, но многумина овде прашуваат каде и која е Македонија. Се надевам, дека нашата амбасада ќе се ангажира барем на културно поле да не претстави како што тоа го прават другите земји. Се разбира очекувам поддршка и од Владата. 12999505_10206074845259183_1199940991_o Фактор : Каков е животот таму? Колку се разликува од овде, во однос на традицијата и културолошките разлики? Слаѓана: Што се однесува на традиционалните и културните разлики, ќе треба многу да пишува. Буквално, се е различно. Друг свет е за нас, многу непознат. Има многу религиозни закони кои сите мора да ги почитуваме. Фактор: Имаш ли време за себе, стекна ли нови пријателства? Слаѓана: Овде стекнав многу нови пријателства. Имам многу добри клиенти, меѓу кои ми беше и принцезата на Јордан Princes Dina Mired, која е основач на King Hussein Cancer foundation. Се на се, прекрасни муштерии. Фактор: До кога планираш да останеш во Катар или можеби ќе продолжиш на друга дестинација? Слаѓана: За моето враќање во Македонија одлучува моето семејство. Јас би сакала да го продолжам животот во друга земја, каде ја гледам можноста за мојот син да го продолжи школувањето. Многу е тажно и болно што го достигнавме дното и мораме на своите деца да им викаме „БЕГАЈ“ подалеку од Македонија. М.Ј. 12980418_10206074838859023_524706186_n  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар