19 Декември, 2025
0.1635

Педесетина министерства, државни органи и општини и стотина фирми ќе купуваат струја по пазарни цени

Објавено во: Економија 25 Април, 2016 08:18

Добивај вести на Viber

Вкупно 156 правни лица од кои околу стотина компании и педесетина министерства, органи на управата и општини од почетокот на мај ќе добијат право да изберат снабдувач со електрична енергија и ќе купуваат струја по пазарни цени наместо по регулирана тарифа по која досега ја плаќаат електричната енергија. Листата на новите учесници на пазарот на електрична енергија кои добиваат право да одберат снабдувач со електрична енергија ја објави на својата интернет страница Операторот на пазар на електрична енергија, дел од МЕПСО, државната компанија лиценцирана да го управува електроенергетскиот систем и да го организира пазарот на електрична енергија во земјава. Листата можете да ја видите на следниот линк Согласно со законската регулатива овие правни лица лани, во период од една година потрошиле повеќе од 1.000 гигават-часови струја и со тоа го исполниле условот да можат да купуват електрична енергија по пазарни цени и да одберат еден од неколкумината снабдувачи со струја кои веќе работат на домашниот пазар. Овие правни лица добиваат право од почетокот на мај до крајот на јуни да изберат снабдувач со електрична енергија што значи дека ќе можат да бараат и да добијат понуди за снабдување од сите понудувачи за снабдување со струја и да ја изберат најповолната понуда. Овие друштва досега плаќаа регулирана цена на струјата што им беше утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Познавачите проценуваат дека реално по пазарни цени може да почнат да се снабдуваат приватните фирми кои се наоѓаат на листата од проста причина што можат да изберат снабдувач без да го применуваат Законот за јавни набавки што па е задолжителен за сите органи на управата, за министерствата и за општините кои се наоѓаат на листата. Вообичаено тендерската постапка ако е успешна трае сигурно повеќе од два месеци и, познавачите оценуваат дека, ако веќе не е почната и не може успешно да заврши во рок од два месеци. Тоа значи дека тие државни институции ќе останат снабдувани согласно со правилата од снабдувач во краен случај при што цената на нивната електрична енергија повторно ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. На интернет страницата на МЕПСО е објавена и ажурирана листа на компании кои и досега исполнуваа услови да се снабдуваат по пазарни цени со електрична енергија. Условот за да го имаат правото сами да купуваат струја на отворен пазар е да имаат барем 50 вработени и вкупен годишен приход или актива што надминува или е еднаква на 10 милиони евра во 2015 година. На таа листа годинава правото можат да го остварат 275 компании и тоа се 26 компании повеќе од тие што го уживаа ова право во 2015 година. На овој линк е листата на тиe компании.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра