ПЕИ на Фијат Цаноски коалицира со СДСМ
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2016
Партијата за европска иднина (ПЕИ) на Фијат Цаноски предизборно ќе коалицира со СДСМ и останатите коалициони партнери.
Ваква одлука е донесена на состанокот на Извршниот одбор одржан пред два дена во Скопје.
„Согласно постигнатиот коалиционен договор Партијата за европска иднина – ПЕИ после победата на претстојните парламентарните избори, ќе партиципира во Извршната власт и формирање на новиот Владиниот кабинет со именувани функционери од редовите на нашата партија и тоа во првиот, вториот и третиот ешалон. Согласно Статутарните одредби сите одлуки од Коалициониот договор ќе бидат верификувани на Седница на Централниот одбор на ПЕИ кој ќе се одржи на ден 12.11.2016 год. сабота во Струга“ - стои во соопштението на партијата.
Партијата со свои членови ќе учествува на коалиционите листи за пратеници и тоа во изборна единица 2 на позиција 15 кандидат за пратеник Сеадин Џафери, претседател на Општинската организација Скопје.
Во изборна единица 5 на позицијата 8 е Алија Камбероски, претседател на општинската организација Струга
Во изборната единица 6 на место број 17 е ставен Абдија Мерсоски, претседател на општинската организација Дебар.