19 Декември, 2025
0.0533

Пекинг: Смогот се расчистува, остануваат последиците!

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2013 11:21

Добивај вести на Viber

 Драстичното зголемување на загадувањето на воздухот во Пекинг деновиве го зголеми бројот на пациенти со тешкотии во дишењето во локалните болници, пишуваат кинеските весници. Според еден од пекиншките дневни весници, половина новопримени пациенти во итното одделение на големата детска болница страдаат од респираторни проблеми.

Последниве денови градот се задушува, опколен од густата магла со штетни честички, а во јануари атмосферското загадување повеќе пати достига рекордно високи вредности.  Жителите на Пекинг во принцип немаат доверба во податоците за загадувањето, кои ги лиферува владата. Дури официјалните медиуми овој месец од властите инсистираа со барањето за повеќе транспарентност за ова прашање.

Во меѓувреме се наближува сезоната на одмори на крајот на кинеската Нова година, што предизвика расправа дали да се забрануваат или не традиционалните огномети, со кои во атмосферата се исфрлаат нови милијарди загадувачки честички.

Според весникот „Глобал тајмс“ властите уште не одлучиле дали да ги забранат ракетите и петардите, со кои жителите на Пекинг, како и сите Кинези, во овој период ги бркаат лошите духови, за на 10 февруари да ја прослават лунарната Нова година.

Денеска состојбата е малку подобрена. Амбасадата на САД, која објавува сопствени податоци и оценки, соопшти за „многу нездраво“ загадување, додека вчера информираше за „опасно“, забележуваат светските агенции.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците